Жена и две деца загинаа во израелски напад во Газа (ВИДЕО)

September 1, 2026
1 min read

Уште едно дете беше убиено во одделен инцидент во централна Газа. Нападот се случи откако беше откриен рација во областа, пишува Би-Би-Си.

Според непотврдени локални извештаи, рацијата ја извршила палестинска милиција поддржана од Израел. Откако беше откриена операцијата, израелската армија започна со гранатирање и воздушни напади. Снимките од градот Газа го покажуваат хаосот и последиците од нападот, а може да се слушне и огнено оружје.

Првите извештаи од терен велат дека специјална единица се инфилтрирала во густо населената област со комбе и мотоцикли. Досега не е потврдено дали израелските сили или споменатата палестинска милиција учествувале директно во операцијата.

 

Локален извор изјави за Би-Би-Си дека се верува дека целта на нападот бил висок безбедносен функционер на Хамас. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека е уапсен висок функционер на таа организација, но сè уште не е јасно дали таа објава е поврзана со операцијата во градот Газа.

Израелската војска потврди дека нападнала неколку цели во Газа „за да ги отстрани заканите за безбедносните сили“. Тие додадоа дека нема повредени меѓу нивните војници. Армијата изврши напади со беспилотни летала за да обезбеди повлекување на своите војници од теренот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Промоција: Јуве се пофали со Волтемаде!(ФОТО)

Следно

Официјално: Мудрик со дресот на Тотенхем (ФОТО)

Latest from Blog

Фентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога

Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални

Флик искрен: ПСЖ покажа дека во моментов е подобар тим од нас, имавме што да научиме од овој меч

Барселона ја започна сезоната со серијата од 11 победи по ред, а перфектниот низ беше прекинат во Париз, каде каталонскиот гигант загуби од ПСЖ со 4:2 Веднаш по мечот, тренерот на Барселона

Фенербахче во Истанбул шокиран во 90 минута, Борусија Дормтунд победнички на гостински терен

Третото коло во Лига на шампиони започна со два меча кои завршија со многу погодоци на двете страни. Фенербахче пред своите навивачи одигра нерешено 2:2 против над Славија Прага, во меч на

Над 15 милиони денари промет на Берзата: Најмногу се тргуваше со Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 20.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.869,50 поени. Во однос
Go toTop