Јамал и Рафиња го “средија“ и Рајо за “три од три“ на шампионот

September 1, 2026
1 min read
ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/

Рајо Ваљекано “покажа заби“, имаше водство од 0:1, дојде на 3:2, но сепак Барса е Барса. Рафиња и Јамал кога требаше, помогнати од расположениот Гордон, покажаа како треба и затоа Барса победи со 5:2, трета победа во третиот меч сезонава во Ла Лига и враќање на лидерската позиција ако се знае дека за два гола има подобра гол-разлика од вечниот ривал – Реал Мадрид, и двата гиганти имаат “три од три“ на стартот од сезоната.

Кога игра Барса секогаш е тоа атракција. Така беше и вечерва на “Камп Ноу“. Шанси, опасни закани, но гостите поведоа со 0:1 со голот на Камело во 12.минута.

Барса брзо врати, Рафиња „стрелаше“ за 1:1 во 19.минута, а Јамал две минути подоцна го “сврте“ резултатот на 2:1 за воодушевување на “Камп Ноу“.

Во самиот финиш на првиот дел Кунде погоди за 3:1, ама ВАР го поништи тој гол поради офсајд.

Во петтата минута од вториот дел, Гордон нафрли пред гостинскиот гол, а таму Лежен си постигна автогол за 3:1 за Барса. И кога се чинеше дека гостите ќе доживеат катастрофа, Камело со својот втор гол намалува на 3:2 во таа 59.минута.

Сепак дилемите, ако ги имаше, беа разрешени во 71.минута кога Рафиња со својот втор стави точка на овој меч. Со овој гол Рафиња со 5 гола изби на врвот на листата на стрелците.

Сосема за крај, во 90.минута, Јамал погоди уште еднаш, сега за конечни 5:2 за Барса.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Индонезија добива прв носач на авиони: Поранешниот италијански „Џузепе Гарибалди“ плови кон новиот сопственик

Следно

ПОТРЕС ВО АРМИЈАТА НА САД – Висок функционер поднесе оставка, зад сè стои конфликт со една личност

Latest from Blog

Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија

Државна лотарија презеде мерки за отстранување на наследените неправилности уште пред изработувањето и објавувањето на извештаите на Државниот завод за ревизија. Ревизијата на работењето на Државната Лотарија во овие постапки од страна

Божиновска: Стопанската комора ќе се вклучи во подготовката на новата Стратегија за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за имплементацијата на Стратегијата за рударство,

Проданоски: Прилеп ќе добие обновена спортска сала со 1.959 седишта

Општина Прилеп ги завршила потребните административни процедури и активности за целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“, со што се создадени предуслови за реализација на проектот, информира градоначалникот Дејан Проданоски. Планираната инвестиција изнесува

Проданоски: Четири милиони денари за нов простор за игра на децата во населбата „Типски“

Ново детско игралиште е изградено во прилепската населба „Типски“, со инвестиција од четири милиони денари и поддршка од Министерството за спорт преку владиниот повик за децентрализација на средствата, информира градоначалникот Дејан Проданоски.
Go toTop