АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

August 30, 2026
1 min read

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон наместо тоа ги повика и Русија и Украина да се вратат на преговарачката маса.

Документот, објавен по повод 35-годишнината од независноста на Украина, беше поддржан од група од околу 50 земји-членки на ОН. Медумските извори најчесто наведуваат точно 50 од вкупно 193 членки, додека The National наведува „повеќе од 50“ земји. Она што не е спорно е дека САД не се меѓу потписниците.

Америка беше изоставена од заедничката изјава

Соопштението го презентираше во седиштето на ОН данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен. Потписниците ја повикаа Русија на „целосно, итно и безусловно примирје“ и враќање на преговорите, со потврда за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на меѓународно признатите граници.

Меѓу земјите што го поддржаа документот се бројни членки на Европската Унија, вклучувајќи ги Унгарија и Словачка, како и Обединетото Кралство, Канада, Јапонија, Швајцарија, Македонија и други .

Сепак, САД не потпишаа, не го подржаа соопштението  за „целосно, итно и безусловно примирје“.

Наместо да се придружи на заедничката осуда на Москва, заменик-постојаниот претставник на САД во ОН, Ден Негреа, презентираше посебен американски став и побара двете страни да се вратат на преговорите.

Вашингтон: Нема воено решение

Негреа рече дека САД го повторуваат повикот на претседателот Доналд Трамп до Русија и Украина веднаш да прекинат со оган и да започнат преговори со добра волја за да се стави крај на војната.

– Нема воено решение за оваа војна – рече американскиот дипломат, наведувајќи дека продолжувањето на ударот само го зголемува бројот на мртви.

Тој ги повика двете страни да престанат со нападите што би можеле да ги загрозат цивилите и цивилните бродови и нагласи дека нема смисла да се продолжува со крвопролевањето кога не може да се постигне крај на конфликтот со воени средства.

Потоа Негреа јасно стави до знаење во кој правец сака да оди Вашингтон.

– Москва и Киев треба да се вратат на преговарачката маса – рече тој, додавајќи дека САД се подготвени да играат каква било конструктивна улога што може да им помогне на страните да постигнат договор.

Во исто време, тој нагласи дека Америка останува посветена на иднината на Украина како суверена и просперитетна држава.

Така, на седницата на ОН, разликата помеѓу американскиот пристап и заедничкиот документ на европските и другите сојузници на Киев стана видлива: додека објавата беше насочена првенствено кон барањето на Русија да прифати безусловно примирје, Вашингтон инсистираше на враќање на двете завојувани страни на преговорите и понуди да дејствува како медијатор.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФУДБАЛСКИ КОНЦЕСИОНЕР ЗАПИШАН ВО КАТАСТАР НЕ МОЖЕ ДА СИ ГО ВЛАДЕЕ ИГРАЛИШТЕТО – НАСИЛНИЦИ УЗУРПАТОРИ ИМ СЕ ЗАКАНУВААТ ПО ЖИВОТ (ДЕТАЛИ)

Следно

Америка вечерва ги нападна иранските сили во Ормуз, ИРАН ВОЗВРАТИ КОН АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ ВО ЈОРДАН (ВИДЕО)

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум
Go toTop