Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните по повод големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица, познат и како Голема Богородица.
Во својата објава Коњановски им посака на граѓаните добро здравје, семејна радост и благосостојба во нивните домови.
„Блаженството, мирот, спокојството и радоста нека бидат во и околу нас. Овој ден е симбол на верата, надежта и милоста, потсетник дека љубовта и добрината секогаш победуваат“, порача градоначалникот.
Тој повика на зачувување на традицијата, негување на духовните вредности и заедништво меѓу граѓаните.
„Да ја чуваме традицијата, да ја негуваме духовноста и да останеме обединети во вербата и љубовта кон ближниот“, се наведува во честитката.
Коњановски во истата пригода им го честита и Денот на рударите, кои Пресвета Богородица ја почитуваат како своја заштитничка.
„Нека биде честит и благословен празникот Успение на Пресвета Богородица“, порача градоначалникот на Битола.


