Македонија се поврзува со Србија преку нов гасовод: Капацитет до 160.000 кубни метри на час

August 27, 2026
1 min read

Македонија и Србија направија нов чекор кон енергетско поврзување со потпишувањето на договорот за проектирање и изградба на интерконективниот гасовод меѓу двете земји.

Договорот го потпишаа директорот на АД „Номагас“, Недим Рама, и директорот на „Рапид билд“, Тони Каранфиловски, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

За реализација на проектот е избрана понудата на „Рапид билд“ во вредност од 29,4 милиони евра. Договорот е склучен по принципот „клуч на рака“, според моделот ФИДИЦ, а ги опфаќа урбанистичкото планирање, проектирањето, изградбата и обезбедувањето одобрение за употреба.

Македонскиот дел од гасоводот ќе биде долг 22,4 километри, со дијаметар од 500 милиметри. Трасата ќе започнува кај блок-станицата „Клечовце“, а ќе завршува на границата со Србија, во близина на селото Сопот.

Во рамките на проектот се предвидува изградба на пет придружни објекти – главна интерконекторна мерна станица, редукциска станица, блок-станица и две приемно-отпремни чистачки станици.

Предвидениот технички капацитет на гасоводот е до 160.000 кубни метри гас на час, при што системот ќе овозможува двонасочен проток на гас.

Премиерот Мицкоски оцени дека со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, Македонија добива целосна вертикална енергетска поврзаност.

Според него, поврзувањето со соседните земји и со енергетските коридори е од особено значење за државата, која нема излез на море, бидејќи преку ваквите инфраструктурни проекти се зајакнува нејзината енергетска и геостратешка позиција.

Целосната реализација на проектот е планирана за четвртиот квартал од 2028 година, со што Македонија и Србија ќе добијат нова инфраструктурна врска за снабдување и транзит на природен гас.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нова екипа, нова надеж: ГФК Победа ќе се натпреварува во Третата лига

Следно

Вучиќ: Предстои нова ера во односите меѓу Србија и САД, стратешкиот дијалог е пресвртница

Latest from Blog

Македонската берза со неделен промет од 28,69 милиони денари, МБИ10 во пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 13.10.2026–16.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 28.692.314,25 денари: 28.651.436 денари со акции и 40.878,25 денари со обврзници на

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Поддршката на Трамп за Нетанјаху „Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth

Проблем за ПСЖ: Еден од клучните фудбалери се повреди и нема да игра против Барселона

ПСЖ ќе биде ослабен за дуелот со Барселона во Лигата на шампионите, откако Нуно Мендеш заработи повреда на левиот бутен мускул и ќе отсуствува во наредните неколку недели. Португалскиот лев бек се

Проданоски: „ЧЕ ТРЧАМЕ“ беше вистински празник на спортот во Прилеп

Над 1.100 учесници беа дел од годинашното издание на спортската манифестација „ЧЕ ТРЧАМЕ“ во Прилеп. Градоначалникот Дејан Проданоски упати честитки до учесниците и организаторите, оценувајќи дека настанот поминал во атмосфера исполнета со

Пезешкијан: Иран никогаш нема да попушти пред претераните барања на САД

Пезешкијан ова го порача за време на виртуелен состанок посветен на разгледувањето на кандидатурата на Мехрдад Ахлаги Кетабчи за нов министер за одбрана на Иран, објавија иранските медиуми.  Пезешкијан нагласи дека на
Go toTop