Светот се трка по критични минерали, Македонија има потврден бакар во Иловица

August 26, 2026
2 mins read

Трката за критични минерали забрзува, а САД и Кина во моментов се позиционирани пред Европската Унија во обезбедувањето на суровини што се неопходни за одбранбената индустрија и зелената транзиција, пишува „Фајненшел тајмс“.

Европските претставници од индустријата предупредуваат дека бавната реализација на проектите може дополнително да ја зголеми зависноста на континентот од надворешни извори. Во исто време, домашни експерти укажуваат дека Македонија не треба да остане надвор од глобалните процеси.

Македонија располага со повеќе критични минерали, а меѓу најзначајните е бакарот. Неговото присуство е потврдено и во наоѓалиштето во Иловица, каде е планирана изградба на рудник за бакар.

„Иловица-Штука“ во моментов е единствениот најавен проект за ископ на критичен минерал во земјата. Проекциите предвидуваат производство од до 16 илјади тони бакар годишно, со оперативен период подолг од 20 години.

Овие податоци го отвораат прашањето дали Македонија ќе успее да го искористи сопствениот ресурсен потенцијал во време кога критичните минерали стануваат стратешки приоритет за најголемите светски економии.

Во Стратегијата за минерални суровини 2026-2046, која ја изготвуваше МАНУ, е потенцирано дека порастот на побарувачката на минерални суровини и материјали на глобално ниво се должи на низа процеси, како што се: дигитализацијата, електрификацијата на транспортниот сектор, замената на
постојните постројки за производство на енергија базирани на фосилни горива со обновливи извори на енергија, иновациите во производството на воени технологии, во телекомуникациите, градежништвото и така натаму. Во текстот беше истакнато дека многу од државите прават сериозни напори стратешки да одговорат на овие предизвици преку мапирање на сите засегнати страни во синџирите за снабдување со минерални суровини и материјали, континуирано следејќи ги домашните потреби од различни минерали.

„Имајќи ја предвид континуираната висока побарувачка за метали и минерали,
Република Северна Македонија треба добро да се организира и да се постави за да може соодветно да одговори на идните зголемувања на потреби за снабдување со суровини. Уникатниот геолошки потенцијал на Република Северна Македонија, ја става минералната индустрија во земјата во добра позиција, но за да таа биде во уште поповолна позиција мора да се обезбедат одредени предуслови за тоа – Република Северна Македонија треба да се промовира како лидер во овој дел на Европа во полето на рударството и истражувањето на минералите, а македонските претпријатија треба да работат во многу ефикасни кластери во партнерство со универзитети и истражувачки институти“, се истакнува во Стратегијата за минерални суровини 2026-2046.

Инаку, како што пишува светскиот медиум, САД инвестираа многу во последните две години за да обезбедат пристап до метали и други материјали што се користат во стратешките технологии, особено оние за кои Кина доминира во глобалното производство. Вашингтон објави околу 40 милијарди долари привремено финансирање за минерални проекти од 2022 година и презеде акции во низа домашни рудари. Владата на САД, исто така, лобираше во корист на американските компании да добијат тендери за рудници ширум светот.

Од друга страна, во последните 18 месеци, Брисел избра десетици стратешки проекти за да имаат корист од забрзаната процедура за дозволи. ЕУ и земјите-членки издвоија околу 6 милијарди евра за минерални проекти оваа година, но индустријата предупредува дека процесот се движи премногу бавно за да го поттикне секторот.

„Навистина им се восхитувам на Американците затоа што тие земаат идеја и ја спроведуваат, додека ние Европејците се двоумиме, претеруваме со администрирање, зборуваме и губиме време“, изјави Бернд Шефер, извршен директор на „EIT RawMaterials“, тело што ја претставува индустријата за критични минерали на ЕУ.

„Треба да го направиме она што го прават САД со купувањето на резерви, брзоте акции и користењето на финансиски алатки за да го изградиме синџирот на снабдување со критични минерали, пред новата стратегија што ќе биде претставена оваа есен. Разгледуваме како да соработуваме повеќе со истомислечки партнери – Канада и Јапонија“, изјавил неименуван европски функционер за „Фајненшел тајмс“.

Според Шефер, постои ризик САД „да станат втора Кина за Европа“ во однос на зависноста од ретки метали. Европските ревизори во февруари годинава предупредија дека иако Брисел избрал 75 стратешки проекти, кои треба да имаат корист од поедноставените правила за добивање на дозволи и пристап до инвестиции, „малку е веројатно“ дека повеќето ќе се реализираат на време за да му помогнат на блокот да ги исполни своите цели за 2030 година за развој на домашни резерви за критични минерали.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Скопје поблиску до Приштина – започна реализацијата на автопатот Скопје–Блаце

Следно

Николоски: Градиме инфраструктура што ќе ја направи Македонија транспортна раскрсница на Балканот

Latest from Blog

Николоски: Градиме инфраструктура што ќе ја направи Македонија транспортна раскрсница на Балканот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека стратешката визија на Владата Македонија да стане клучна сообраќајна раскрсница на Балканот постепено се реализира преку изградба на нови патни правци и зајакнување

ВЛЕН: Скопје поблиску до Приштина – започна реализацијата на автопатот Скопје–Блаце

ВЛЕН соопшти дека денеска официјално започна реализацијата на втората фаза од автопатот Скопје–Блаце, проект кој, според коалицијата, има историско значење за поврзувањето на Северна Македонија со Косово и со регионот. Станува збор

Сабах е фудбалско чудо: Со тим вреден 17 милиони евра и само 9 години постоење ќе игра во ЛШ

Азербејџанскиот шампион Сабах чудесно се пласираше во главната фаза на Лигата на шампионите благодарение на гол во 90+4 минута и брилијантна игра во судиското продолжение. Тие ја неутрализираа убедливата победа на израелскиот

ФОТО + ВИДЕО | Паника на романска плажа: МЕЃУ ЛЕЖАЛКИ ПРОНАЈДЕН ДРОН СО ЕКСПЛОЗИВ

Вознемирувачко откритие утрово ја вознемири плажата во романското црноморско одморалиште „Олимп“, каде било пронајдено парче од дрон меѓу лежалките. Според романските медиуми и извори на телевизијата „Антена“, остатоците содржеле експлозивно полнење, а
Go toTop