Владата планира намалување на ДДВ за нафтените деривати по последниот раст на цените на горивата, најави премиерот Христијан Мицкоски.
На новинарско прашање дали се размислува за намалување на ДДВ, Мицкоски одговори дека Владата има подготвен план.
„Да, планираме. Имаме јасна стратегија, јасен план“, изјави премиерот.
Тој не соопшти детали за можните мерки, но рече дека чекорите ќе се преземаат внимателно за да не се наруши макроекономската стабилност, а истовремено да се обезбедат пониски цени за граѓаните и индустријата.
Според Мицкоски, владините анализи покажуваат дека кризата на Блискиот Исток и состојбата во Заливот би можеле да продолжат уште неколку години.
Премиерот тврди дека Македонија и покрај поскапувањето има меѓу најниските цени на горивата во регионот и дека има доволно количества нафта и нафтени деривати за задоволување на зголемената потрошувачка.
Од денеска еуросупер БС-95 се продава по 93 денари за литар, еуросупер БС-98 по 95 денари, а дизелот по 101,5 денари за литар.
Извор: zurnal.mk

