Вештакот Марковски: „Пулс“ бил безбеден во 2012 година, сопственикот бил должен да бара пренамена

August 25, 2026
1 min read

На денешното судење за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во фокусот на вкрстеното испрашување беше вештакот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет во Скопје.

Во текот на испрашувањето, адвокатката на сопственикот на објектот, Гроздан Милковски, се обиде да ја поткрепи тезата дека објектот во 2012 година, кога бил даден под закуп на Дејан Јованов, бил во исправна и безбедна состојба.

Марковски потврди дека објектот тогаш бил производствен погон за лесна индустрија и дека ги исполнувал условите во однос на носивоста и противпожарната заштита.

На прашањето дали тоа значи дека во 2012 година објектот не претставувал опасност од пожар и дека неговата тогашна состојба не била причина за трагедијата што се случи на 16 март 2025 година, вештакот одговори потврдно.

Во продолжение, адвокатката праша дали сопственикот бил консултиран од закупецот за реновирањето и измените направени при претворањето на производствениот погон во дискотека, како и за материјалите што биле користени.

„Не бил прашан“, одговори Марковски.

Сепак, во продолжението на испрашувањето, вештакот посочи и на законската обврска при пренамена на објектот. Според него, согласно Законот за градење, барањето за пренамена го поднесува сопственикот на објектот.

Марковски нагласи дека меѓусебните усни или писмени договори меѓу сопственикот и закупецот не можат да ги заменат законските обврски предвидени со Законот за градење.

Испрашувањето на вештакот продолжува, а неговиот исказ е еден од доказите на кои внимание посветуваат и обвинителството и одбраната.

За пожарот во дискотеката „Пулс“, кој избувна на 16 март 2025 година, обвинети се 34 лица. Во трагедијата животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје – Блаце конечно добива продолжение: „Гранит“ ќе гради 10,5 километри автопат

Следно

МБИ10 со раст од 0,25 отсто, прометот над 8 милиони денари

Latest from Blog

Скопје – Блаце конечно добива продолжение: „Гранит“ ќе гради 10,5 километри автопат

Градежната компанија „Гранит“ го потпиша договорот со ЈП „Државни патишта“ за изградба на вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, кој треба да ја поврзе македонската метропола со границата со Косово. Според

Арбелоа: Заслуживме повеќе!

фото: Real Madrid C.F. (X) Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, изрази мешани чувства по поразот на неговиот тим од Челзи со 3-2 во нивниот прв натпревар од Премиер-лигата. Шпанецот рече дека е

Зеленски ја објави пораката што ја добил од Трамп!

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја објави честитката која ја добил од претседателот на САД, Доналд Трамп по повод Денот на независноста на Украина, истакнувајќи дека „овие зборови, исто како и звукот од

Шасивари – Ѓорѓиевски: Дијалог за реформите во правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Лазо Ѓорѓиевски. На средбата биле разменети мислења за актуелните состојби и реформските процеси од значење
Go toTop