Зеленски ја објави пораката што ја добил од Трамп!

August 25, 2026
1 min read

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја објави честитката која ја добил од претседателот на САД, Доналд Трамп по повод Денот на независноста на Украина, истакнувајќи дека „овие зборови, исто како и звукот од лансирањето на ракетата „Патриот ПАК-3“ (Patriot PAC-3), влеваат надеж дека е можно да се заштитат животи од суровите напади на Русија“.

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека добил „топла и срдечна честитка“ од американскиот претседател Доналд Трамп по повод 35-годишнината од обновувањето на независноста на Украина.

– Почитуван господине претседателе: Во име на американскиот народ, Ви честитам Вам и на граѓаните на Украина за Денот на независноста. 24 август е денот кога го славиме нашето трајно пријателство изградено врз 35 години дипломатски односи – врска што дополнително се продлабочи откако Украина се здоби со независност.

Изградивте одлична земја со храбри, смели и талентирани луѓе. И додека го одбележувате овој значаен настан, знајте дека Соединетите Држави му се восхитуваат на вашиот непоколеблив дух, ги почитуваат вашите жртви и остануваат уверени во вашата иднина како суверена и просперитетна нација. Да го искористиме овој момент за да ставиме крај на конфликтот и да изградиме траен мир, кој ќе го ослободи огромниот потенцијал на Украина за идните генерации. Со почит, Доналд Џ. Трамп – ова стои во честитката од шефот на Белата куќа, која Зеленски ја објави на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Зеленски исто така даде коментар за честитката, во кој му порача на Трамп дека таа му е подеднакво важна како и ракетите за американските системи за противвоздушна одбрана (ПВО) „Патриот“ – едни од ретките во светот способни да соборуваат руски балистички ракети.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шасивари – Ѓорѓиевски: Дијалог за реформите во правосудството

Следно

Арбелоа: Заслуживме повеќе!

Latest from Blog

Арбелоа: Заслуживме повеќе!

фото: Real Madrid C.F. (X) Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, изрази мешани чувства по поразот на неговиот тим од Челзи со 3-2 во нивниот прв натпревар од Премиер-лигата. Шпанецот рече дека е

Шасивари – Ѓорѓиевски: Дијалог за реформите во правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Лазо Ѓорѓиевски. На средбата биле разменети мислења за актуелните состојби и реформските процеси од значење

Божиновска: Во јули домашното производство покри 94,7% од потребите за струја во Македонија

Македонија во јули произведе 460,8 GWh електрична енергија, со што биле покриени 94,7 отсто од вкупните потреби за електрична енергија во земјата, информираше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Вештакот Марковски: „Причината за последиците од пожарот не треба да се бара во состојбата од 2012 година“

Градежните вештаци на денешното рочиште одговараат на вкрстени прашања од одбраната. Во фокусот на испитувањето се наодите во врска со материјалите употребени во објектот, особено полиуретанскиот сунѓер за акустична изолација, како и
Go toTop