РУСКАТА “ПОДМОРНИЦА НА СУДНИОТ ДЕН“ за прв пат за спушти во морето. Која е нејзината цел?

August 24, 2026
1 min read

Најновата руска нуклеарна подморница, поради капацитетот, составот на вооружување и стартешката подвижност е наречена “подморница на судниот ден“ наменета за нуклеарна војна – за прв пат го напушти пристаништето минатата недела.

Додека руската нуклеарна подморница „Хабаровск“ пловел од Северодвинск кон Белото Море, каде што започнал со тестирање, неговото заминување било внимателно следено, како меѓу воените аналитичари, така и, речиси сигурно, меѓу западните разузнавачки служби.

Причината е намената – за што е направена оваа подморница.

„Хабаровск“, со депласман од околу 10.000 тони, е специјално дизајнирана да носи до шест нуклеарни торпеда „Посејдон“, едно од најнеобичните и најконтроверзните оружја што Русија ги развила под Владимир Путин.

Тоа е автономно подводно оружје со сопствен нуклеарен реактор, способно да патува на долги растојанија под површината на морето и да носи нуклеарни боеви глави.

Теоретски, експлозија по должината на брегот на непријателот би можела да предизвика големо уништување, а потенцијално и моќно цунами.

Како што пишува британскиот „Телеграф“, се проценува дека „Посејдон“ може да патува повеќе од 6.000 милји, односно речиси 10.000 километри, и да нурне до длабочина од приближно 1.000 метри.

Токму комбинацијата од долг дострел, автономно движење и нуклеарно оружје ја прави оваа подморница загрижувачка појава за западните воени планери.

Тестирањето на „Хабаровск“ доаѓа во време на нови тензии помеѓу Русија и Велика Британија.

Во последните денови, руските пропагандисти го повикуваат Путин да го употреби „Посејдон“ против Велика Британија како одговор на британската помош за Украина.

Една од најекстремните изјави ја даде рускиот телевизиски водител Владимир Соловјов. „Дајте им на Британците три дена да научат да дишат под вода, а потоа удрете ги со „Посејдон““, рече тој.

Наскоро, руската амбасада објави дека колку повеќе Лондон му помага на Киев, толку поголема ќе биде цената што ќе ја плати. Британските власти ги отфрлија руските закани и рекоа дека нема да се откажат од својата поддршка за Украина.

Сепак, и покрај застрашувачките карактеристики на „Посејдон“, експертите интервјуирани од „Телеграф“ веруваат дека можноста за нејзина вистинска употреба против Велика Британија е многу мала.

Доколку Русија навистина изврши нуклеарен напад врз Велика Британија, Москва ќе се соочи со одговор од британскиот нуклеарен систем „Тридент“.

Според информациите објавени од „Телеграф“, Русија досега најавила набавка на најмалку 30 торпеда „Посејдон“ и четири подморници дизајнирани да ги носат, иако што се верува дека од новите подморници досега е изградена само „Хабаровск“.

Постарата руска подморница „Белгород“ е исто така специјално модифицирана за да може да го носи „Посејдон“, кој НАТО го означува како „Кенјон“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Драган Даниловски: Дел од заболените и починатите од западнонилска треска се заразиле во Македонија

Следно

Како нашиот Матеј Гаштаров од “случаен лик на проба“ стана МАСТЕРКЛАС ВО ЦРВЕНА ЗВЕЗДА

Latest from Blog

Драган Даниловски: Дел од заболените и починатите од западнонилска треска се заразиле во Македонија

Разговараше: Ирена МУЛАЧКА Пет смртни случаи и вкупно 43 потврдени од западнонилска треска во Македонија. Тоа засега е црниот исход од епидемијата, која веќе одреден период тресе неколку скопски општини, Кисела Вода,

Млеко со афлатоксин од Косово за малку ќе стигнеше до македонските маркети: запрени 27,5 тони

Повеќе од 27,5 тони УХТ млеко од Косово, наменети за продажба во македонски маркет, биле запрени на граничниот премин „Блаце“, откако лабораториските анализи покажале присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации. Станува

Цело раководство на Партизан си даде оставка, си оди и тренерот Илиќ

Раководството на белградски Партизан и главниот тренер Саша Илиќ ќе поднесат оставка по реваншот против Хетафе, без оглед на резултатот од натпреварот, соопшти клубот од Хумска. Новото раководство ќе го одлучи Собранието

Иран: Немаме проблем со Бугарија, но имаме право да нападнеме извор на агресија кон нас

„Немаме проблем со бугарскиот народ. Сепак, јасно ставивме до знаење дека секоја акција што според меѓународното право претставува поддршка за американско-израелската воена агресија против Иран, исто така претставува учество во акт на
Go toTop