Иловица очекува нов развоен импулс: Стаменов смета дека рудникот може да донесе бенефит за сите

August 24, 2026
2 mins read

Инвестицијата во рудникот за бакар во Иловица може да придонесе за развој на целиот југоисточен регион, сметаат жители од локалната заедница кои ја поддржуваат реализацијата на проектот.

Како една од најзначајните потенцијални придобивки тие го посочуваат отворањето на нови, добро платени работни места, особено за младите. Според нив, создавањето можности за вработување во регионот може да помогне и во намалувањето на иселувањето.

Никола Стаменов, поранешен претседател на Федерацијата на фармери и член на „И здравје и работа“, во гостување за Канал 5 ТВ нагласи дека економската корист не треба да биде одвоена од грижата за животната средина.

„Со почитувањето на светските еколошки стандарди за заштита на животната средина сите можат да имаат бенефит, вклучително и државата“, посочи Стаменов.

„Ние сме за отворање на рудникот за бакар во Иловица. Имаше неколкумина кои беа противници за отворањето, со напомена дека ќе се загадела животната средина, ќе се загаделе воздухот и подземните води, почвата… Меѓутоа, со најсовремената европска и светска технологија, имаме целосна гаранција дека до тоа нема да дојде“, изјави Стаменов како жител на Иловица.

Тој и претходно има истакнато дека поради бесперспективност неговите деца заминале во странство, а во селото останале постарите жители. Во своите јавни излагања, Стаменов апелираше надлежните институции да ги слушнат оние што го поддржуваат отворањето на рудникот и повика да се формира независно мониторинг тело кое ќе го контролира ископот на рудата и дали тоа се врши според пропишаните стандарди.

Како жител на Иловица, Стаменов истакна дека има повеќемина кои сметаат дека покрај можностите за вработување се отвораат и големи можности за економски бенефит и станува збор за инвестиција која ќе донесе пораст на бруто домашниот производ, нова инфраструктура во населените места, а ќе имаат бенефит и општините и регионот и државата.

Од локалната иницијатива „И здравје и работа“ веќе нагласија дека во Македонија дебатата за рударството не треба да се сведе на изборот „или екологија или рударство“.

„Дебатата треба да се води околу тоа дали можеме да имаме рударство кое ги почитува највисоките еколошки стандарди, а истовремено да создава економска вредност за државата и граѓаните. Одговорот треба да го дадат науката, стручната јавност и институциите, а не стравот и политичките поделби“, истакнаа од „И здравје и работа“.

Според иницијативата, критичката јавност е неопходна, но критиката не смее да значи однапред донесен заклучок дека секој рударски проект е опасен.

„Никој не треба од јавноста да бара слепо да верува во кој било рударски проект. Но, исто така, никој не треба да бара од јавноста да верува во обвинувања кои не се поткрепени со стручни анализи и релевантни докази. За секој проект треба да зборуваат фактите, техничката документација, научните проценки и законските процедури“, се додава во соопштението.

Претходно, повеќе домашни експерти нагласија дека во период кога расте на цената на бакарот на светските берзи, капацитетите во Иловица, но и оние од други наоѓалишта на критични минерали, се значајни и за домашната економија. Дел од нив потврдија дека современите технологии овозможуваат безбедна експлоатација на минерали, со контролирани процеси и заштита на природата. Коментирајќи го технолошкиот процес за ископ на бакарна руда во Иловица, тие велат дека таквите технолошки процеси се бенигни и не се деструктивни кон природата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието со демант: Нема приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените

Следно

Активни четири пожари и четири под контрола

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат
Go toTop