Почнува судењето против поранешниот вицепремиер Артан Груби

August 24, 2026
1 min read

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да почне предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“.

Основното јавно обвинителство Скопје, на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија во значителна вредност од 507.632.173 денари.

На сите обвинети им се става на товар кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 4 в.в. став 1 в.в. член 22 од Кривичниот законик, за кое е предвидена затворска казна од најмногу пет години.

Преку автоматска распределба предметот е распределен кај судијата Билјана Шуплиновска – Јовевски.

Првообвинетиот – поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами сè уште е недостапен на органите на прогон, односно тој е во бегство, и за него Обвинителство бара да му биде определена мерка притвор од пронаоѓање во траење од 30 дена, додека за вториот обвинет – Артан Груби, предложено е продолжување на претходно определената мерка куќен притвор, која му е определена заедно со мерката на претпазливост – привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Со оглед дека Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог, мерката притвор согласно со член 470 став 4 од Законот за кривична постапка може да биде најдолго 60 дена од денот на поднесување на предлогот до завршување на главната расправа, односно најдолго 60 дена, сметано од 13 август.

Груби, по повеќе од 14 месеци бегство, во февруари годинава беше уапсен на граничниот премин Блаце. По распит во Обвинителството, Груби, наместо во притвор, кој претходно му беше определен во отсуство, поради безбедносни причини, доби куќен притвор.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Македонија сè повеќе го претвора сонцето во домашна електрична енергија

Следно

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругата

Latest from Blog

Собранието со демант: Нема приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените

Собранието на Република Северна Македонија демантира дека обезбедува или плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените во Собраниската служба, откако во повеќе медиуми беа објавени информации дека институцијата набавува ваков вид

Она што се случи во соблекувалната стави крај на приказната: Хулијан Алварез и Атлетико!

Хулијан Алварез денес беше понижен засекогаш. Аргентинецот доби огромни навреди од навивачите на својот клуб – Атлетико Мадрид, а причината беше фактот што побара трансфер во Барселона. Феноменалниот аргентински напаѓач беше пречекан
Go toTop