Screenshot

Проданоски: Нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, сите сили се на терен

August 20, 2026
1 min read

Во моментов активни се четири краци од пожарот во Мариовскиот регион, но сите се надвор од населените места и нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, ниту за имотите на граѓаните, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Тој посочи дека особено критична била состојбата околу Крушевица во текот на вчерашниот ден, но со помош на механизација е направен заштитен појас со кој е спречено ширењето на пожарот кон населеното место.

„Во моментов таму гори ниска вегетација“, информира Проданоски.

На терен се ангажирани над 100 лица, меѓу кои противпожарни екипи, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, доброволни противпожарни друштва, Армијата, ЈП „Национални шуми“, Универзалната единица за заштита и спасување, како и голем број локални доброволци.

Според Проданоски, целосно се ставени во функција сите расположливи оперативни и технички ресурси на Општина Прилеп и надлежните институции.

Во гаснењето на пожарот во неколку наврати биле ангажирани и воздухоплови, но тие привремено се повлечени поради густата концентрација на чад и намалената видливост.

Во однос на причините за избувнувањето на пожарот, градоначалникот вели дека постојат индиции и материјален доказ – видео запис од надзорна камера, кој, како што посочува, упатува дека пожарот бил предизвикан намерно.

„Очекувам од надлежните институции брза и одлучна постапка, утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот“, порача Проданоски.

Тој ги повика граѓаните да останат спокојни, уверувајќи дека Општина Прилеп е максимално организирана и дека безбедноста на граѓаните и нивниот имот е највисок приоритет.

Проданоски упати благодарност до противпожарните екипи, доброволците, општествено одговорните компании и сите кои деноноќно се на терен и помагаат во справувањето со пожарот.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гави го одби Јунајтед, клубот од “Олд Трафорд“ нудеше 40 милиони евра!

Latest from Blog

Гави го одби Јунајтед, клубот од “Олд Трафорд“ нудеше 40 милиони евра!

ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/ Гигантот од “Олд Трафорд“ никако не успева ова лето да дојде до големо, екстра засилување. Манчестер Јунајтед никако не успева да ги оствари своите трансферни цели оцва лето. Најновиот удар за

Муцунски ги најави трите приоритети на Амбасадорскиот совет

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава се трите стратешки национални интереси, кои

Првата конференција за пазарна експанзија на македонските брендови ќе се одржи во Скопје

„Бизнис Арена 2026“ има јасна цел: да создаде место каде што амбицијата ќе се поврзе со знаење, вистински контакти и реални можности за развој. (Скопје, 20.08.2026) – Првата конференција за македонски брендови

Повлечени млечни производи во Косово, дел стигнувале и во Македонија

Косовските институции во изминатите две недели спроведуваат засилени контроли на млечните производи на тамошниот пазар, откако лабораториски анализи покажале неправилности кај повеќе производи на еден производител, вклучително и присуство на растителни масти,
Go toTop