Проданоски: Сите расположливи сили се мобилизирани за пожарот во Мариово

August 19, 2026
1 min read

Сите расположливи сили и ресурси се ставени во функција на ставање под контрола на пожарот во Мариово, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Како што посочува Проданоски, на терен повторно се сите надлежни служби, пожарникари, екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, полицијата, инспекциските служби, мештаните и лица со механизација кои помагаат во справувањето со пожарот.

Во гаснењето се вклучени екипи од ТППЕ Прилеп и ТППЕ Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување, Универзалната единица, доброволни противпожарни здруженија и локалните жители од Мариово. Дополнително е ангажирана и механизација со која се создаваат заштитни појаси со цел да се спречи понатамошното ширење на огнената стихија.

„Во моментов, на дел од теренот состојбата е стабилизирана, додека на повисоките и непристапни места екипите продолжуваат со гаснење“, информира Проданоски.

Посебно внимание, според него, е посветено на заштитата на селото Крушевица. Околу селото е воспоставен заштитен појас во должина од пет километри, додека екипите се подготвени за брза реакција доколку се појави потреба.

Градоначалникот упати благодарност до пожарникарите, доброволците, службите и институциите, како и до компаниите и субјектите кои ставиле на располагање луѓе и механизација.

„Борбата со пожарот продолжува. Најважно е да се зачуваат човечките животи, населените места и имотите. Остануваме на терен, заедно и целосно посветени“, порача Проданоски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Астон Вила се пофали со Руџери и Сузуки

Latest from Blog

Астон Вила се пофали со Руџери и Сузуки

Екипата на Астон Вила пред самиот старт на сезоната, објави дека се засилува со две нови имиња. Тоа се Матео Руџери и Зајон Сузуки. Италијанецот доаѓа од Атлетико Мадрид, за 25 милиони

Академија без студенти, правосудство без судии — деветтата генерација пропадна, нова нема

Анализите покажуваат дека недостигаат и судии и обвинители, но пари за нови кандидати сè уште нема. Новата директорка на Академијата, Ирина Трајкоска-Стрезоски, вели дека се чека на законски измени, а Европската комисија

Првите зборови на Флик по пристигнувањето на ѕвездата во Барса

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ханси Флик зборуваше за доаѓањето на Родри, добитникот на Златната топка за 2024 година, во Барселона. „Блауграните“ го објавија трансферот на играчот од Манчестер Сити во вторник, 18 август, со договор

Битола презема вонредни мерки против комарците поради ризик од заразни болести

Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, денес започна со спроведување на дополнителната дезинсекција, како што беше најавено пред една недела (https://www.bitola.gov.mk/ќе-се-спроведува-дополнителна-дезинс/). Потребата за дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција,
Go toTop