Земјава одбележува три години од членството во НАТО

March 27, 2023
2 mins read

Показни вежби на армијата и надлетување на сојузнички воздухоплови денеска ќе се одбележи годишнината од членството. Земјава се определи дека сака да влезе во НАТО уште во 1993 година, најблиску до членство бевме во 2008 година, но тогаш се соочивме со вето од Грција. Со Преспанскиот договор од 2017 година вратата кон Алијансата повторно се отвори

Денеска, 27 март 2023 година, Северна Македонија одбележува три години од членството во најголемиот воено-политички сојуз на светот, Северноатлантската Алијанса.

По тој повод, во касарната „Илинден“ во Скопје треба да се одржи централна церемонија на која се предвидени обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Дел од свеченоста ќе бидат и неколку показни вежби и активности на Армијата, вклучувајќи прелет на сојузнички воздухоплови во рамки на мисијата „Air Policing“.

Во организација на Министерството за надворешни работи во Клубот на пратеници, пак, ќе се одржи традиционалниот „НАТО појадок“, со учество на дипломатскиот кор. Со ова официјално ќе започнат Деновите на НАТО во државава кои ќе траат до 4 април.

На 27 март 2020 година, земјава стана 30. членка на Алијансата кога в.д. амбасадорката на Северна Македонија во САД, Вилма Петковска, на американскиот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер, го предаде оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство на земјава во НАТО.

Од Резолуција за членство, вето од Грција, преку Преспански договор до полноправно членство

Определбата за евро-атлантско интегрирање датира уште од 1993 година, кога Собранието усвои Резолуција, во која се дефинирани надворешно политичките приоритети на земјата, а тоа се членството во НАТО и во ЕУ.

Во ноември 1995 г., станавме членка на Партнерството за мир (ПзМ), а во јуни следната година беше отворена и Канцеларијата за врски на Република Македонија при НАТО.

Потоа следуваше отворање на Канцеларијата за врски во 1996 година, а следната, 1997 г., државата беше примена во ПАРП процесот. Набргу потоа беше отворена и Мисијата на Република Македонија при НАТО во Брисел.

На Самитот во Вашингтон во април 1999 г., официјално станавме и земја-кандидат. Со таков статус останавме дваесетина година.

Најблиску до НАТО бевме во 2008 г., на самитот во Букурешт, но Алијансата тогаш констатира дека земјата технички е подготвена да влезе, но влезот беше попречен поради грчкото вето заради нерешениот спор за името. Откако по речиси три децении спорот беше надминат со Преспанскиот договор потпишан на 17 јуни 2018, вратата за НАТО се отвори.

По нецел месец од договорот постигнат со Грција, на Самитот на НАТО во Брисел (11-12 јули 2018 година), на состанок на ниво на шефови на држави и влади, Алијансата донесе одлука да ја покани Република Северна Македонија да ги започне пристапните разговори за членство во Алијансата.

На 1 август, 2018 година, генералниот секретар на НАТО упати писмо до министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија заедно со План за спроведување на процесот на пристапување во НАТО, а во октомври истата година, на состанок во Брисел формално беа завршени пристапните разговори. На 6 февруари 2019 г., постојаните претставници на 29-те земји членки на Алијансата во седиштето на НАТО го потпишаа пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија.

По овој настан, започна и следната фаза во која следуваше ратификација на Пристапниот протокол во националните парламенти и институции на земјите-членки на Алијансата, а беше ратификуван и во нашето Собрание.

На официјализирањето на полноправното членство што се случи на денешен ден пред две години, му претходеше потпишување на Инструментот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО од страна на претседателот Стево Пендаровски на 20 март 2020.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Манчестер Сити со нов договор за Халанд

Следно

Трамп им вети на своите гласачи: Ќе ја завршам војната во Украина за 24 часа

Latest from Blog

Индија и Пакистан договорија прекин на огнот

Индија и Пакистан се договорија за целосен и итен прекин на огнот, рече пакистанскиот вицепремиер Исхак Дар. Секретарот за надворешни работи на Индија, Викрам Мисри изјави дека и Индија и Пакистан „ќе

Протест „Марш на ангелите“ во Кочани

Молчешкум, со насолзени очи, но со високо кренати фотографии од своите загинати чеда, мајките од Кочани чии деца настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ и денес побараа правда за трагичниот случај што

ЕФА усвои резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од МАЕИ и ОМО Илинден Пирин

Европската слободна алијанса (ЕФА) на Генералното Собрание одржано во Нант, Франција денеска усвоила резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од Македонска алијанса за европска

Убиството во Штип организирано преку мобилна апликација

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истрага против петмина турски државјани осомничени за убиството на 25-годишен сонародник, што се случи вечерта на 8 мај во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“. Судот
Go toTop