Screenshot

Проданоски: 20 години пријателство меѓу Прилеп и Тополчани, продолжуваме со нови проекти

August 17, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, престојува во Тополчани, Словачка, по повод традиционалните „Денови на Тополчани“ и одбележувањето на 20-годишнината од соработката и збратимувањето меѓу Прилеп и Тополчани.

Проданоски, кој е во посета на покана на градоначалничката на Тополчани, Александра Гјециова, истакна дека две децении партнерство се исполнети со пријателства, културна размена, заеднички иницијативи и взаемна почит.

На средбите било разговарано за продлабочување на соработката во повеќе области, меѓу кои европските проекти, заштитата на животната средина, управувањето со отпадот, културата, туризмот и економското поврзување.

„Две децении не се само бројка, тоа се години исполнети со средби, пријателства, културна размена, заеднички иницијативи и взаемна почит“, порача Проданоски.

Тој посебно ја истакна улогата на културата во развивањето на партнерството меѓу двата града, посочувајќи ја неодамнешната посета на фолклорни ансамбли од Словачка, кои гостуваа на фестивалот „Итар Пејо“ во Прилеп.

Проданоски упати порака и преку националната телевизија на Словачка дека соработката меѓу двата града продолжува и во иднина.

„Прилеп и Тополчани остануваат пријатели, партнери и градови поврзани со трајни мостови на соработка“, истакна градоначалникот.

Одбележувањето на 20-годишниот јубилеј, според него, претставува можност да се сумира досегашната соработка, но и да се отворат нови перспективи за заеднички проекти и активности во годините што следуваат.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Само Ланс знае како против ПСЖ!

Latest from Blog

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот
Go toTop