Каде завршуваат парите што ги плаќаме за почиста животна средина?

August 16, 2026
1 min read

За 4 и пол години државата собрала скоро 2,4 милиони евра од надоместокот за користење биоразградливи кеси за пазарење, а парите ги потрошила за канти и контејнери, како и за кампања за зголемување на свеста за селектирање отпад.

Од Министерството за животна средина во одговор за Телма велат дека од воведувањето на законот со кој што за употреба на пластични кеси се плаќа соодветен надоместок, заклучно со 10 јули собрани се 2,37 милиони евра. Од ресорното министерство велат дека тие канти и контејнери во сина и жолта боја уште во 2023 година биле поделени на сите општини во земјата.

Со овие пари се купиле 30.018 канти од 120 литри по единечна цена од 1.427 денари без пресметан данок на додадена вредност, како и 3.016 контејнери од 1.100 литри по единечна цена од 12.027 денари. Или, за овие канти и контејнери за селектиран отпад со вклучен ДДВ се потрошиле вкупно над 1,5 милиони евра, говорат бројките на минситерстовто за животна средина

Останатите пари се искористиле за реализација на национална јавна капмања под наслов „Позитивна промена“, која што се спроведуваше во текот на 2024 и 2025 година, со цел зголемување на свеста на граѓаните за селектирање отпад и негово правилно депонирање.

Сепак, од Министерството за животна средина не одговорија конкретно на нашето прашање колку точно чинела кампањата и која агенција го добила тендерот за да ја обмисли и сработи.И додека државата ги едуцира граѓаните како индивидуално да придонесат за почиста околина, истовремено скопјани со години реагираат на незадоволително ниво на хигиена на јавниот простор.

Освен тоа, од Туристичко-угостителската комора алармираат дека нечистотијата во главниот град, но и поголемите туристички центри во земјава веќе ги одвраќа странските туристи и апелираат локалните власти да си ја вршат соодветно својата задача. Законот, кој стапи во сила на 1 декември 2021 година, целосно ја забрани употребата на пластични кеси за една употреба во маркетите и продавниците, а надоместокот за биоразградливите изнесува 15 денари, а мора одделно да се евидентира и да се уплати на посебна сметка на Министерството за животна средина.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Олеснување за сите во Баерн Минхен: Мусиала се чувствува добро

Следно

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Latest from Blog

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот
Go toTop