СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

August 16, 2026
1 min read

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата небезбедна за пиење.

Од СДСМ посочуваат дека во водата од јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани биле утврдени Escherichia coli, интестинални ентерококи, Pseudomonas aeruginosa, како и зголемен број колиформни бактерии.

Партијата тврди дека ова е уште еден случај по проблемите со водата во Гостивар и Демир Капија, како и по предупредувањата за состојбата со водоснабдувањето во повеќе места низ земјава.

„Македонија e без безбедна вода“, наведуваат од СДСМ, обвинувајќи ја Владата за системски пропусти и недоволна информираност на јавноста.

Од опозициската партија повторно го отвораат и прашањето за состојбата со водата во Гостивар. Според нив, сè уште нема официјален документ со кој, како што велат, се потврдува исправноста на водата и целосна анализа, ниту одговор кој е одговорен за состојбата. СДСМ бара и одговор од надлежните институции за тоа кој дозволил граѓаните во Гостивар да користат неисправна вода и зошто сè уште нема целосна одговорност за случајот.

Од партијата оценуваат дека случаите во Гостивар, Демир Капија и Кривогаштани покажуваат дека проблемот не треба да се третира како изолиран, туку како прашање што бара сериозна институционална реакција.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Емилијано Мартинез ќе биде новиот голман на Јувентус

Следно

Ердоган: Членството во Европската унија повеќе не е приоритет за Турција

Latest from Blog

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на 324 килограми марихуана

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.
Go toTop