Според последните информации на италијанските но и англиските медиуми, голманот на Астон Вила и на репрезентацијата на Аргентина, Емилијано Мартинез е на пат за Торино, каде што ќе стане член на екипата на Јувентус.
„Старата дама“ веќе испратила официјална понуда го аргентинецот, која што вреди 10 милиона евра, а три од нив се бонуси.
Сето ова се случува, откако пропадна трансферот на јапонецот Сузуки во ПСЖ. Тој требаше веднаш да биде експедиритан во Торино на позајмица, но таа зделка пропадна.
Па така, Јуве веднаш се заврте кон Мартинез кој што има 33 години но и натаму брани на највисоко можно ниво.
Извор: vecer.mk

