По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на 324 килограми марихуана

August 16, 2026
1 min read

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице. Постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, информираа денеска од Обвинителството.

-Имено, во периодот од февруари до 14 август 2026 година, осомничениот, заедно со тројца осомничени против кои се води постапка во Република Грција, како повеќе лица, неовластено заради продажба и пуштање во промет организирале набавка, држење и пренесување наркотична дрога – марихуана, во вкупна нето-маса од 324 килограми и 474 грама.

Кон крајот на февруари годинава осомничениот набавил товарно моторно возило, а на почетокот на март и приколка, по што веднаш организирал наводен превоз на рециклирана пресувана хартија од Република Северна Македонија кон Република Турција, преку Република Бугарија.

Откако ги завршил царинските формалности, на 8 март 2026 година осомничениот со товарното возило и приколката ја напуштил македонската територија во правец кон Република Бугарија. Меѓутоа, наместо да продолжи кон Република Турција, се упатил кон Република Грција, каде возилото со приколката го оставил на изнајмен затворен плац во Солун.

Таму се сретнал со двајца од осомничените против кои се води постапка во Република Грција, од кои едниот е недостапен за органите на прогонот, и го договорил понатамошниот транспорт на наркотичната дрога, откако истата ќе биде сокриена во товарот со рециклирана хартија.

По набавката на наркотичната дрога, двајца од осомничените, заедно со засега непознати лица, во периодот од 11 до 14 август 2026 година ја сместиле марихуаната во претходно направени отвори во балите со рециклирана хартија.

На 14 август 2026 година, во рамките на акцијата „Вардарис“, полициски службеници во Република Грција лишиле од слобода двајца од осомничените и извршиле преглед и претрес на изнајмениот плац. Таму била пронајдена приколката, од која претходно биле отстранети регистарските ознаки. Во четири палети сместени во задниот дел од приколката и во уште четири палети пред неа било пронајдено погореспоменатото количество на наркотична дрога – марихуана.

Јавниот обвинител оцени дека доколку осомничениот биде оставен да се брани од слобода може да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз соучесници и сведоци или да го повтори кривичното дело. Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беше доставен предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и со решение вчера на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, информираат од Обвинителството.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ – КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

Следно

Бројот на загинати во земјотресот во Индонезија се искачи на најмалку 47

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop