Водата од јавниот водовод во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна, објавија попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Како што информираат оттаму, анализите на примероците земени во понеделникот и вторникот од истото мерно место, дале различни резултати.
„Анализата на примерокот земен во понеделникот од страна на Институтот за јавно здравје Скопје, покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење. Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторникот од страна на Центарот за јавно здравје Велес, покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење“, напишаа од претпријатието во објава на „Фејсбук“.
Од таму додаваат дека поради различните резултати, во понеделник ќе биде извршена уште една суперанализа. Според комуналното претпријатие „Бошава”, забраната ќе важи до добивањето на конечните резултати од суперанализата.
Извор: zurnal.mk

