Дачиќ: Одлуката за невоведување санкции кон Русија останува на сила, но може да смени ако трпи економијата 

March 26, 2023
1 min read

Бидејќи одлуката (на Советот за национална безбедност), сè уште е на сила, тоа значи дека сè уште го немаме тој случај,вели Дачиќ за српски Курир. Сепак, тој посочува дека се следи како таа одлука за невоведување санкции кон Русија се одразува на српската економија

Србија ја остава отворена можноста одлуката за воведување санкции кон Русија да биде променета доколку српската економија и граѓаните почнат да трпат ненадоместливи штети, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ. 

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

„Бидејќи одлуката (на Советот за национална безбедност), сè уште е на сила, тоа значи дека сè уште го немаме тој случај“,

изјави Дачиќ за Курир, додавајќи дека во интерес на Србија е да не воведува санкции кон Русија, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Сепак, тој посочува дека се следи како таа одлука се одразува на српската економија.  

Белград до сега и покрај отворените повици на западните земји не воведе санкции кон Русија, иако гласаше за резолуцијата на Обединетите нации со која беше осудена инвазијата на Русија врз Украина.  

Според Дачиќ, освен притисокот врз Србија поради невоведувањето санкции, намалена е и надворешнотрговската размена меѓу Русија и Србија, додека, како што вели, во некои западни земји кои воведоа санкции кон Русија, таа се зголеми. 

 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пак денеска изјави дека Србија веќе една година „успева да го издржи притисокот“ и да не воведе санкции кон Русија. 

 Тој за телевизијата Пинк изјави дека Србија сè уште не вовела санкции против Русија, иако некои опозициски политичари најавија дека тоа може да се случи ден по изборите во април 2022 година. 

„Како што гледате без колнења, без остри зборови, успеавме да ги издржиме тие притисоци една година“,

рече Вучиќ. 

 Засега единствениот српски функционер кој отворено изјави дека Србија треба да воведе санкции кон Русија е министерот за економија Раде Баста. Тој доаѓа од редовите на на Единствена Србија, коалициски партнер на Социјалистичката партија на Србија на Дачиќ. 

 На прашањето како гледа на отворената изјава на Баста за поддршка на воведувањето санкции, Дачиќ изјави дека неговата партија и сите членови на Владата стојат зад одлуката на Советот за национална безбедност и државна политика. 

 „Се додека нашата одлука и нашата политика во однос на санкциите се на сила, ние постојано ќе ја почитуваме“,

рече тој. 

Србија е во процес на преговори за членство во Европската унија, но не воведе санкции кон Русија по нејзината инвазија на Украина, која започна на 24 февруари 2022 година. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Милевски и Елмас: Максимално ангажирано и на победа против Фарски Острови

Следно

Украина бара итен состанок на Советот за безбедност

Latest from Blog

Предлогот за 60-дневен прекин на огнот во Газа предвидува ослободување на 10 израелски заложници и гаранции од САД

ЕРУСАЛИМ/АНКАРА (АА) – Предлогот за 60-дневен прекин на огнот во Газа предвидува ослободување на 10 израелски заложници и предавање на посмртните останки на уште 18, соопштија израелските медиуми денес, пренесува Анадолу. „Ослободувањата

Голем пожар во близина на Атина

Голем пожар избувна во близина на пристанишниот град Рафина во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а од бројот 112 беше испратена порака за евакуација до оние кои се

Шефовите на дипломатиите на Египет и Сирија разговараа за најновите политички и безбедносни случувања во Сирија

АНКАРА (АА) – Египетскиот и сирискиот министер за надворешни работи разговараа телефонски за најновите политички, економски и безбедносни случувања во Сирија, јавува Анадолу. Египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделати, ги слушна
Go toTop