Синодот на МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ: „Нашата водилка е Евангелието“

August 13, 2026
1 min read

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) реагира на неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“.

Реакцијата на Синодот доаѓа неколку дена откако „Религија.мк“ ја објави изјавата на Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град, во која тој зборуваше за Српската православна црква и нејзиното присуство во Скопје.

Од Синодот посочуваат дека МПЦ-ОА, како што наведуваат, е „легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква“, како и наследничка на Јустинијана Прва и на обновената Охридска Архиепископија.

„МПЦ – ОА ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без каква било условеност од нивната национална, политичка, културна или етничка припадност“, се наведува во реакцијата.

Од МПЦ-ОА додаваат дека, свесна за својата историска улога и одговорност во духовниот живот на македонскиот народ, Црквата останува „отворена за сите“, со цел верниците да ги обединува во единството на верата и евхаристиското заедништво.

Синодот нагласува дека со тоа се надминуваат, како што се наведува, „сите минливи политички, идеолошки и општествени поделби“.

„Евангелието Христово, верата во Воскресението и благосостојбата на доверените души се основната и единствена водилка во дејствувањето на МПЦ – ОА“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека МПЦ-ОА ги отфрла „сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат“.

Реакцијата е потпишана од Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Евакуација во Германија поради сомнителен експлозивен пакет на железничка станица

Следно

Проданоски: Прилеп го добива својот прв меѓународен фолклорен фестивал

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп го добива својот прв меѓународен фолклорен фестивал

Со богата фолклорна програма и учество на ансамбли од повеќе држави, Прилеп го најавува првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“, кој има амбиција да стане нова препознатлива туристичка и културна содржина на

Евакуација во Германија поради сомнителен експлозивен пакет на железничка станица

Железничката станица во Тројхтлинген, во јужната германска покраина Баварија, и околните згради беа евакуирани во понеделник како мерка на претпазливост откако на шините беше пронајден сомнителен предмет за кој полицијата се сомнева

Најмалку пет лица биле повикани на информативен разговор во полиција за водата во Скопје

Министерството за внатрешни работи продолжува да повикува на информативен разговор лица од чии профили вчера се повикуваше да не се пие водата во Скопје поради присуство на бактерија, што попладнето беше демантирано

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments за групни нарачки

Корисниците сега можат директно во апликацијата да платат за своите артикли кога заедно нарачуваат од ресторани со пријателите, семејството или колегите. Wolt ја воведува функцијата Split Payments (Поделено плаќање) за групни нарачки,
Go toTop