Замрзнатиот мега-проект: КАКО АЛБАНСКАТА МАФИЈА ГО СОПНА ЗЕТОТ НА ТРАМП

August 12, 2026
1 min read

Албанците го
предупредиле зетот на Трамп за Артур Шеху, Кушнер му исплатил 120 милиони
долари за островот за кој жителите на селото Звернец тврдат дека им го одзел
бизнисмен кој побегнал во САД

Кога
жителите на малото албанско село Звернец го предупредиле Џаред Кушнер, зетот на
американскиот претседател Доналд Трамп, да не го купува нивното мало острово
бидејќи станува збор за одземена дедовина, тој не ги послушал.

Наместо да
го запре проектот, Кушнер продолжил по свое и му исплатил 120 милиони долари на
Артур Шеху, човекот кого жителите го обвинуваат за кражба на земјиштето.

Сопругот на
ќерката на Трамп, Иванка, мислел дека со тоа приказната ќе биде завршена.

Дури и
неговиот правен тим го уверувал дека не би требало да има никакви проблеми.

Но, само два
месеца по заклучувањето на договорот за купопродажба, албанското обвинителство
побарало апсење на Шеху бидејќи тврдат дека имаат докази дека тој наводно играл
клучна улога во шверцот на наркотици од Јужна Америка во Европа.

Осомничен е
и за перење пари од дрога и за фалсификување документи за сопственост.

Албанските
обвинители потоа ги замрзнале банкарските сметки и финансиските средства
поврзани со луксузниот туристички проект зад кој стои Кушнер.

Неговата
голема инвестиција во Албанија со тоа била ставена на лед.

Шеху со
години им е познат на медиумите и на обвинителството

„Јутарњи
лист“ го пренесува пишувањето на албанскиот портал „Балканвеб“, кој го опишува
Шеху ‒ човекот што му ги нарушил плановите на Кушнер ‒ како 60-годишен албански
бизнисмен кој со години им е познат на медиумите и на обвинителството.

Полицијата
го бара уште од средината на 90-тите години од минатиот век, кога првпат дошол
под нејзина лупа поради сомнение дека во соработка со италијанската мафија
шверцувал марихуана и префрлал мигранти во Италија.

Меѓутоа, од
Шеху тогаш немало ни трага ни глас бидејќи, пред да успеат да го уапсат, им
побегнал на властите.

Следниот пат
бил виден дури во 2001 година во Мајами.

Во САД
побарал азил тврдејќи дека бега од комунистички банди кои му ги убиле вујкото и
братот, а подоцна се стекнал и со американско државјанство.

Така, веќе
три децении успешно избегнува да биде уапсен од албанските власти.

И покрај
големите протести против проектот на Кушнер, неговата деловна групација и
понатаму се обидува да ја турка инвестицијата.

„Волстрит
журнал“ пишува дека групата моментално работи на документот за проценка на
влијанието врз животната средина, што е предуслов за добивање владини
одобренија пред почетокот на градбата.

Иако против
проектот се кренале десетици илјади демонстранти, одделни официјални лица од
Европската Унија, па дури и познати личности како пејачката Дуа Липа, проектот
и понатаму има силна поддршка од албанскиот премиер Еди Рама.

Се потсетува
дека Рама проектот со вкупна вредност од пет милијарди долари го претставил
како важно страно вложување кое треба да ја поттикне албанската економија.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Следно

Црвена Звезда до петок има нов тренер, а во декември и избори за нова управа

Latest from Blog

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите дека 700 државјанки на Филипините, кои се наоѓаат во Австралија, добиле македонско државјанство и македонски пасоши. „Станува збор за целосно неточни и непроверени информации. Министерството

Николоски: Нови авиолинии и инвестиции се можност за забрзан развој на туризмот

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на „Корендон“, една од најголемите туристички групации во Европа, на која било разговарано за можностите за нови инвестиции, развој

Министерство за финансии: Нови 2,9 милиони евра за поддршка на инвестициите во домашните компании

12 август 2026, Скопје – Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во

Халанд не може да биде капитен на Сити зошто постигнува премногу голови!

ФОТО: Manchester City/FB Менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, изјави дека нема намера да му ја предаде капитенската лента на Ерлинг Халанд бидејќи Норвежанецот постигнува премногу голови. Халанд се смета за нов
Go toTop