Николоски: Македонија го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори

August 11, 2026
1 min read

Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни визи, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на ТВ Телма.

Тој потенцира дека овие земји се таргетирани како земји каде македонските превозници најмногу извезуваат или транзитираат.

-Начинот на којшто ние можеме да помогнеме е да склучиме билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната како би се издавале долгорочни работни визи кои би можеле да ги користат превозниците. Тоа е едното, второто кое што веќе успеавме да го договориме со Европската Kомисија е возачите да бидат признати како професионалци и нешто што се случи. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија. Во тек се Австрија, работиме со Германија и Унгарија и генерално ова се земјите каде што македонските извозници најчесто одат и онаму каде што најчесто се извезува македонската стока, што значи дека македонските транспортери најчесто патуваат таму, рече Николоски.

Тој го потврди ставот на Владата дека секоја држава од Западен Балкан самостојно треба да го решава овој проблем.

-Она што јас во повеќе наврати го кажувам и сега ќе го кажам е дека секоја држава треба да го решава проблемот самостојно и дека не смееме овој проблем да се гледа заеднички, затоа што една е позицијата на Македонија, друга е на останатите држави од Западен Балкан и не мислам дека е паметно овој проблем да се гледа заеднички, туку треба сите држави да го решаваат индивидуално. Ние го решаваме индивидуално, имаме решение и ако другите држави не можат да го решат, тоа е нивни проблем, истакна заменик претседателот на владата, Николоски

Тој повтори дека решението треба да дојде од Европската Комисија, за што веќе се оддржани неколку состаноци и очекува набрзо дека ќе се најде соодветно репшение и упати апел до превозниците да не подлегнуваат на странски пропаганди, бидејќи Владата работи на билатерални договори со државите.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Првите 30 електрични автобуси ги очекуваме во декември или јануари, а во првиот квартал на 2027 ќе го завршиме автопатот Охрид – Кичево

Следно

Трамп: „Ќе направите грешка ако го избркате Инфантино“

Latest from Blog

Проданоски: Четири милиони денари за нов простор за игра на децата во населбата „Типски“

Ново детско игралиште е изградено во прилепската населба „Типски“, со инвестиција од четири милиони денари и поддршка од Министерството за спорт преку владиниот повик за децентрализација на средствата, информира градоначалникот Дејан Проданоски.

Се шират шпекулации дека Ким Џонг Ун е мртов. Северна Кореја објави нови негови фотографии.

На фотографиите се гледа како Ким разгледува детски обувки и женска облека. Оваа објава доаѓа во време на шпекулации за здравствената состојба на 42-годишниот лидер и за можна криза околу наследувањето на

Николоски: Новиот оператор „4iG“ ќе користи сателити на Илон Маск за мобилно поврзување

Новиот мобилен оператор „Оне Македонија“, дел од унгарската групација „4иГ“, планира да ја користи сателитската мрежа Starlink на компанијата „Спејсекс“. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју

ЗК Пелагонија ја гради иднината на домашното млекопроизводство: Знаење, технологија и посветен тим

Земјоделскиот Kомбинат Пелагонија е водечка компанија во рамките на агробизнисот во државата и најголемиот производител на храна во земјава. Располага со 16 000 хектари земјоделско земјиште, а во склоп на комбинатот се
Go toTop