Шок за Ханси Флик на утринскиот тренинг. Фудбалерите на Барселона целосно се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а утрово одработија нов тренинг во својот тренинг центар, но заврши на најлош можен начин.
Шпанските медиуми пишуваат дека еден од играчите на Барселона претрпел сериозна повреда на коленото и дека станува збор за Рони Барџи. Според првите информации што доаѓаат од Барселона, се чини дека Рони претрпел повреда на лигаментите на коленото и веќе е јасно дека Швеѓанецот го чека долга пауза.
По еден дуел, Рони врескал и останал да лежи на теренот, каде што добил медицинска помош. Сето тоа траело повеќе од десет минути, а на крајот Барџи го напуштил теренот во солзи. Веднаш се фатил за коленото и било очигледно дека ситуацијата е исклучително сериозна, што за жал било потврдено.
Медицинскиот тим на Барса е загрижен дека Руни ги скинал лигаментите на коленото и веднаш го испратиле на детален преглед. Сепак, првите информации велат дека сигурно ќе има пауза од неколку месеци и дека може само да се надева дека не ги скинал целосно лигаментите, како што му се случило претходно.
Извор: vecer.mk

