Виктор Орбан беше забележан во опуштено издание на познатиот Собир на трубачи во Гуча, Србија, каде што наздравуваше со традиционална ракија во друштво на влијателни луѓе од унгарскиот бизнис-сектор. На снимките, кои првично се појавија на социјалните мрежи, а потоа беа пренесени од српски и унгарски медиуми, поранешниот унгарски премиер се гледа како ужива во фестивалската атмосфера.
Во негово друштво биле Оскар Вилаги, вториот човек на унгарскиот нафтен гигант МОЛ, и архитектот Даниел Тарачки. Необичната сцена од Гуча привлече внимание во унгарската јавност, особено поради присуството на високи претставници од бизнис-секторот покрај еден од најпознатите унгарски политичари.
Посетата на Орбан на фестивалот, кој секоја година привлекува стотици илјади посетители, отвори и политички и бизнис-дискусии во регионот, додека видеото од неговото дружење со ракија и трубачи продолжи да се шири на социјалните мрежи.
Покрај Орбан, на снимката се препознава Оскар Вилаги, еден од највлијателните луѓе во енергетскиот сектор во регионот и потпретседател на групацијата МОЛ. Со нив беше и Даниел Тарачки, познат архитект чие име во Унгарија често се поврзува со големи и контроверзни градежни проекти. Медиумите во Унгарија посочуваат дека заедничкото појавување на политички и бизнис фигури од овој ранг на неформален настан во Србија отвора прашања за нивните приватни и деловни врски.
Извор: vecer.mk

