Прашањето за формирање на ЗСО може да се реши со конечен договор меѓу Косово и Србија, вели Курти

January 12, 2023
1 min read

Изјавата на косовскиот премиер доаѓа еден ден откако високиот американски функционер Дерек Шоле побара од Косово да стави предлози на маса за формирање на Заедницата. Шоле, при вчерашната посета на Приштина, рече дека Косово мора да ги исполни сите обврски од дијалогот, вклучително и формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека прашањето за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО) може да се реши во рамките на евентуалниот договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Изјавата на Курти доаѓа еден ден откако високиот американски функционер Дерек Шоле побара од Косово да стави предлози на маса за формирање на Заедницата.

Шоле, висок советник на американскиот Стејт департмент, прецизираше дека Косово мора да ги исполни сите обврски од дијалогот, вклучително и формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство.

Сепак, косовскиот премиер Курти повтори дека Уставот на Косово не дозволува моноетнички здруженија.

Заедницата на општините со српско мнозинство беше договорена во Брисел како дел од дијалогот меѓу Косово-Србија, но Уставниот суд на Косово утврди дека некои точки од тој договор не се во согласност со косовските закони. Но, Уставниот суд не кажа дека ЗСО не може да се формира туку дека несогласувањата може да се усогласат со статут, потсетува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.

Курти вели дека во моментов се разговара за целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија и додава дека во рамките на тој договор страните можат да се занимаваат со прашањето на Заедницата.

Тој, исто така, рече дека српската заедница во Косово има многубројни привилегии врз основа на планот на Марти Ахтисари. Тоа е документот врз основа на кој Косово прогласи независност во 2008 година и го подготви Уставот на Косово.

„Првата реченица од тој план, од тоа решение вели дека Косово треба да биде мултиетничко општество“,

подвлече Курти и додаде дека тоа значи дека моноетничките здруженија или институции не се во согласност со Уставот на Косово.

„Нудиме подобри и поголеми гаранции и права за сите малцинства или немнозински заедници во Косово и јас сум многу посветен на тоа. Но, без потценување на уставноста на нашата земја“,

додаде Курти.

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постојано бараат од Косово да го почитува договорот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство. САД дури предупредија дека доколку не ја формира Владата на Косово, ќе бараат „алтернативни партнери“ за нејзино формирање.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Во центарот на градот: Тепачка меѓу шест лица пред објект во градба

Следно

Во Шведска пронајдено наоѓалиште на ретки земјени метали

Latest from Blog

Штрудла со вишни и леблебија

Сочно и миризливо, а вкусот му е неспоредлив. Состојки: тенки кори за баклава 400 гр вишни 100 гр леблебија 100 гр шеќер ванилин шеќер кисела вода масло шеќер во прав за наросување

По три децении, Битола повторно ќе го бодри националниот тим

Битола по цели 31 година повторно ќе биде домаќин на еден репрезентативен натпревар. На 9 септември, на стадионот „Петар Милошевски“, младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ќе го одигра квалификацискиот

Белгија го прегази Лихтенштајн, Германија се „сопна“ кај Словачка (ВИДЕО)

Белгија не дозволи никакво изненадување на вечерашното гостување кај Лихтенштајн и со убедливи 0:6 ја обезбеди и втората победа во групата во која е и нашата репрезентација. Во третиот меч Белгија тргна

Меџити од Дуќанџик: ВЛЕН е иднината на Чаир, а не сателитите на ДУИ! (ВИДЕО)

Првиот вицепремиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, заедно со носителот на советничката листа Мухамед Муртези и пратеникот Беким Сали, вечерва беа пречекани во конакот на хаџи

Гугл ќе плати отштета од 425,7 милиони долари за шпионирање на паметни телефони

Американскиот федерален суд му наложи на Google да плати 425,7 милиони долари за нелегално шпионирање на паметните телефони на луѓето во текот на речиси една деценија. Пресудата од среда во федералниот суд
Go toTop