Проданоски: Карпалак останува вечен симбол на храброста и жртвата за Македонија

August 8, 2026
1 min read

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, по повод одбележувањето на 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, порача дека жртвата на десеттемина прилепски бранители останува вечен потсетник за цената на слободата, мирот и достоинството на татковината.

Одбележувањето на годишнината започна во текот на вчерашниот ден, кога беше оддадена почит на десеттемина бранители од Прилеп кои ги загубија животите во одбрана на Република Македонија.

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп и кај селото Лениште, беше оддадена почит на загинатите бранители и на нивната жртва.

Одбележувањето продолжи и утрово со посета на нивните вечни почивалишта.

„Утрово, почит им оддадовме и пред нивните вечни почивалишта, со мисла за нивните семејства, нивните најблиски и за нивното дело кое останува длабоко врежано во историјата на Прилеп и Македонија“, истакна Проданоски.

Тој нагласи дека Карпалак претставува симбол на храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината и дека обврска на сегашните и идните генерации е да го зачуваат споменот за загинатите.

„Нивната жртва е вечен потсетник дека слободата, мирот и достоинството на татковината имаат своја цена. Наша обврска е да паметиме, да ја чуваме вистината и со најдлабока почит да го негуваме споменот на оние кои без двоумење застанаа во одбрана на Република Македонија“, порача Проданоски.

Во рамки на денешното одбележување, во 13 часот е предвидено положување цвеќе и оддавање почит пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

Проданоски упати повик до граѓаните заеднички да им оддадат почит на десеттемина прилепски бранители.

„Нека нивната љубов кон Македонија биде наша трајна обврска и инспирација. Вечна им слава!“, порача Проданоски.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН до Обвинителството: Каде заглави случајот „Лотарија“ со Артан Груби?

Latest from Blog

ВЛЕН до Обвинителството: Каде заглави случајот „Лотарија“ со Артан Груби?

Партијата ВЛЕН преку објава побара од Јавното обвинителство да соопшти до каде е постапката во случајот „Лотарија“, во кој е опфатен поранешниот вицепремиер Артан Груби, поставувајќи прашање зошто сè уште нема обвинение.

Македонската берза со неделен промет од 101 милион денари, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 04.08.2026 до 07.08.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 101.005.840,66 денари, од кои

Интер Мајами откри каква би можела да биде идната улога на Меси во клубот

Фото: Интер Мајами/Твитер Претседателот за деловни операции на Интер Мајами, Хавиер Асенси, ја откри идната улога што напаѓачот Лионел Меси би можел да ја преземе по пензионирањето. „Ќе дојде време кога Меси

ФОТО + ВИДЕО | НОВ УДАР ВРЗ КИЕВСКИОТ РЕГИОН – Тројца загинаа, меѓу нив и дете

Киевскиот регион повторно беше цел на руски ракетен напад. Најмалку тројца луѓе загинаа, меѓу кои и дете, откако балистички проектили рано утринава погодија подрачја источно од Киев. Силни експлозии одекнаа во регионот,
Go toTop