Screenshot

Николоски: Над 409.000 патници на скопскиот аеродром во јули – нов историски рекорд

August 4, 2026
1 min read

 

Македонските аеродроми бележат рекордни резултати во авио-сообраќајот, а политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат видливи ефекти, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Вести Плус“.

dobivaj vesti na viber
Тој нагласи дека Владата активно работи на субвенционирање на нови авиопревозници и проширување на мрежата на авиолинии, што резултира со значителен раст на бројот на патници и реализирани летови.

„Охридскиот аеродром во текот на еден месец опслужи 52.500 патници, што претставува раст од 41 процент во однос на истиот период минатата година. Дополнително, на 20 јули беа реализирани повеќе од 20 летови во еден ден, што е апсолутен рекорд за овој аеродром“, изјави Николоски.

Според него, и Меѓународниот аеродром Скопје остварил историски резултати во текот на јули, со 409.000 опслужени патници и вкупно 2.670 реализирани летови. Само на 20 јули биле реализирани 101 лет, што претставува нов дневен рекорд.

Со овие резултати, двата македонски аеродроми во текот на јули опслужиле повеќе од 460.000 патници.

Николоски оцени дека доколку продолжи сегашната динамика на раст, Македонија во блиска иднина би можела да достигне бројка од четири милиони патници на годишно ниво.

Тој истакна дека растот на авионскиот сообраќај значи и поголем број туристи и деловни посетители, што директно влијае врз развојот на туризмот и дополнително ја поттикнува домашната економија.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тер Штеген официјално на позајмица во Ајакс

Следно

ТЕЖОК УДАР: Путин потпиша закон насочен кон Руси во егзил осудени во отсуство

Latest from Blog

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако
Go toTop