Додека светот обезбедува критични минерали, Македонија сè уште ги чува под земја

July 30, 2026
2 mins read

Светските економии забрзано вложуваат во обезбедување сигурни извори на критични минерали, предупредува Меѓународната агенција за енергетика во извештајот „Глобални перспективи за критични минерали 2026“.

Според анализата, геополитичките тензии и трговските ограничувања дополнително ја зголемуваат важноста на домашното производство на минерални суровини.

Иако Македонија располага со значајни резерви на бакар, меѓу кои и наоѓалиштето во Иловица, земјата засега не е активен учесник во создавањето европски синџири за снабдување со критични минерали. Воедно, во тек се подготовки и за дополнителни истражувања на потенцијалните резерви на антимон.

Во меѓувреме, Македонија останува надвор од овие процеси, иако геолошките истражувања покажуваат значителен потенцијал за бакар, особено во локалитетот „Иловица–Штука“. Паралелно, најавени се и дополнителни истражувања за можните резерви на антимон, уште една суровина која добива сè поголемо стратешко значење.

„За клучните енергетски минерали како што се бакар, литиум, никел, кобалт, графит и ретки земни елементи, побарувачката продолжи силно да расте во 2025 година, првенствено поттикната од нивната зголемена употреба во енергетските технологии, вклучувајќи батерии за електрични возила и складирање на енергија, електрична инфраструктура како што се дистрибутивните мрежи, ветерните турбини и соларните фотоволтаични панели, како и трајни магнети со високи перформанси. Побарувачката за овие минерали порасна во просек од близу 10% годишно во последниве години, значително надминувајќи го растот на побарувачката за основни метали како што се алуминиум, олово и цинк, кој во просек изнесуваше околу 1% годишно“, се додава во извештајот.

Во Македонија пак, функционираат четири металични рудници, од кои само еден е за бакар – „Бучим-Боров дол“, кој ги исцрпува капацитетите. Во минатото беа најавени инвестиции во Казандол и Кожуф, но тие не се реализираа. Сега, единствена сериозна останува најавата за рудник за бакар во Иловица. Проектот сепак се одолговлекува повеќе години и е мета на напади на активисти, иако експерти и инженери даваат поддршка за технолошкиот процес кој е предвиден во планот на инвеститорот, велејќи дека се употребуваат современи методи кои ја заштитуваат животната средина. Проектот доби поддршка и од локалната иницијатива „И здравје и работа“.

„Во изминатиот период бројни професори, геолози, инженери и други експерти јавно зборуваа за современите технологии што денес се применуваат во рударството и за високите европски стандарди за заштита на животната средина. Нивните ставови заслужуваат внимание и почит, бидејќи се темелат на знаење, долгогодишно искуство и научни факти. Веруваме дека државата треба да ги слуша токму тие гласови. Одлуките за стратешки проекти не смеат да зависат од притисок од мала група на луѓе кои немаат ниту некакво образование ниту некакво искуство во рударството, туку од законите, стручните анализи и институциите. Само така може истовремено да се заштитат природата, здравјето на граѓаните и јавниот интерес“, соопштија од иницијативата.

Додека е неизвесно дали Македонија ќе се приклучи кон глобалните текови, од Меѓународната агенција за енергетика истакнаа дека цените на основните метали како што се алуминиумот, бакарот, цинкот и калајот силно пораснале, поттикнати од слабите услови за снабдување, особено на пазарите на бакар и алуминиум. Цените на бакарот достигнаа рекордни максимуми на почетокот на 2026 година, надминувајќи 14.000 американски долари за тон во мај. Дополнително, голем предизвик беше одлуката дел од големите држави да создаваат залихи од овој метал.

„Залихите на бакар и Лондонската берза на метали (LME) и Шангајската берза за фјучерси (SHFE) беа многу ранливи. Залихите на LME се намалија до крајот на 2024 година и поголемиот дел од 2025 година, бидејќи понудата се стесни, а очекувањата за побарувачката се подобрија. Очекувањето од увозните тарифи на САД, исто така, го охрабри движењето на залихите на бакар во магацините на COMEX во Соединетите Американски Држави“, се наведува во последниот извештај.

Од Агенцијата исто така истакнаа дека во моментов најголемиот дел од синџирот на снабдување со критични минерали и ретки земни елементи зависи од Кина.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот носи рекордно зголемување на капиталните инвестиции

Следно

ВЛЕН: Почнува реализацијата на инвестицијата од 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово

Latest from Blog

Влатко и Златко Миладиноски носат македонски музички спектакл во Битола

Античкиот театар Хераклеја вечерва ќе биде центар на македонската музика, каде Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски со својот оркестар ќе приредат голем музички спектакл под отворено небо. Концертот започнува во 21:00 часот,

ВЛЕН: Почнува реализацијата на инвестицијата од 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово

Започнаа официјалните подготовки за реализација на инвестицијата вредна 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово, соопшти коалицијата ВЛЕН, оценувајќи го проектот како најголем и најзначаен во историјата на оваа здравствена установа.

Кристијано Роналдо со порака до критичарите

Фото: Кристијано Роналдо X Кристијано Роналдо, кој ужива во крајот на својот одмор откако играше на своето шесто и најверојатно последно Светско првенство, објави порака на социјалните мрежи на шпански јазик во

„Матица македонска“ започна 10-дневна книжевна програма по повод Илинден

По повод Илинден, книжевната програма „Зад датумот“ ќе ги поврзе историското паметење, јазикот, културното наследство и книжевноста, а ќе отвори и две јавни иницијативи за читателите и библиотеките Го знаеме датумот. Но
Go toTop