„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време е одлуките да се носат врз основа на науката и законите

July 26, 2026
1 min read

Локалната иницијатива „И Здравје и Работа“ смета дека јавната дебата за проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ предолго е заложник на стравови, шпекулации и дезинформации, наместо на научни факти, современи технологии и институционални процедури.

Денес, современото рударство нема ништо заедничко со практиките од минатото. Технологиите што се применуваат во најразвиените земји овозможуваат високо ниво на заштита на животната средина и значително ги намалуваат потенцијалните ризици.

Проектот „Иловица–Штука“ предвидува примена на технологијата Dry Stack Tailings – суво одлагање на јаловината, која е препознаена како едно од најсовремените решенија во рударската индустрија. Тоа значи дека не е предвидено класично хидројаловиште со брана, туку филтрирана јаловина со минимална содржина на вода, со што се намалуваат ризиците поврзани со складирањето на рударскиот отпад.

Покрај тоа, проектот предвидува системи за управување, контрола и мониторинг на површинските и подземните води, како и мерки за нивна заштита во согласност со законските барања и еколошките стандарди. Токму затоа, доколку проектот ги исполни сите пропишани услови и ги добие потребните одобренија од надлежните институции, нема основ однапред да се отфрла неговата реализација.

Сметаме дека никој нема право да ја игнорира науката, мислењето на стручната јавност и законските процедури само затоа што тоа одговара на однапред создадени ставови. Одлуките за инвестиции од вакво значење мора да се носат врз основа на докази, стручни анализи и институционални проценки, а не под притисок на дезинформации или политички калкулации.

Во време кога Европа обезбедува сопствени извори на критични минерали, а соседните држави отвораат нови можности за инвестиции и развој, Македонија не смее да си дозволи да остане настрана поради неосновани стравови. Нашата држава има потреба од нови инвестиции, добро платени работни места и развојни проекти кои ќе создадат перспектива за младите луѓе.

Секоја одлука што би значела отфрлање на ваков проект без да се темели на законските процедури, стручните анализи и научните докази, би била спротивна на долгорочниот интерес на државата и на граѓаните кои очекуваат економски развој, повисок животен стандард, нови можности за вработување и услови својата иднина да ја градат дома, а не надвор од Македонија.

Затоа ја повикуваме Владата да не ја пропушти можноста Македонија да стане дел од европскиот синџир за снабдување со критични минерали, кои денес се од стратешко значење за економијата, енергетската транзиција и индустрискиот развој на Европа. Веруваме дека институциите имаат обврска да донесуваат одлуки врз основа на законите, научните докази и стручните проценки, а не под влијание на дезинформации или неосновани стравови. Доколку проектот ги исполни сите законски, технички и еколошки услови, неговата реализација треба да биде поддржана како инвестиција од национален интерес. Тоа би значело нови работни места, поголеми приходи за локалната економија, подобар животен стандард и реална можност повеќе млади луѓе да ја гледаат својата иднина во Македонија, наместо надвор од неа. Во спротивно, ризикуваме повторно да ја пропуштиме шансата за значајна инвестиција и економски развој, додека другите земји во регионот ги користат своите природни ресурси за да создадат нови можности за своите граѓани.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И Един Џеко донесе одлука за својата иднина!

Следно

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Latest from Blog

Трамп ги прекина нападите врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ги паузираше нападите врз Иран за да „ослободи простор“ за преговори, изјави во неделата американскиот амбасадор во Обединетите нации, откако Иран објави дека нема да нападне сè додека

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и Јулија Циборовски, внуката на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, денес во Старата скопска чаршија ја открија спомен-плочата

И Един Џеко донесе одлука за својата иднина!

Според информации од германски медиуми и извори кои го следат клубот од Гелзенкирхен, постигнат е целосен договор помеѓу Џеко и Шалке за продолжување на соработката. Како што е наведено, сè уште има

Меџити: Ќиборовски остави траен белег во зачувувањето на Старата скопска чаршија

Меџити: Со спомен-плоча за Адолф Ќиборовски му оддадовме признание за зачувувањето на Старата скопска чаршија Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска информираше дека во Старата скопска чаршија е откриена спомен-плоча посветена

Најсилен тајфун досега ја погоди Кина- над 710.000 луѓе се спасуваат од разорното невреме (ВИДЕО)

Природната катастрофа го погоди регионот рано утрово, со ветрови од 45 метри во секунда. Најголемиот број евакуирани лица дојде од урбаните области Хуиџоу и Шанвеј, каде што 205.000 и 192.000 луѓе беа
Go toTop