Николоски: Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се одвива со забрзана динамика

July 25, 2026
1 min read

Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика, а фокусот во моментов е ставен на најкомплексниот дел од трасата.

Интензивно се градат галериите, кои се оценети како најдобро решение за стабилизација на земјиштето и на терен се покажуваат како ефикасно решение за долгогодишниот проблем со свлечиштата.

> „Свлечиштата на автопатот Охрид-Кичево, проблем кој ја блокираше целата изградба на автопатот, го решивме со најголемиот инженерски потфат во овој регион, со изградба на таканаречени галерии“, нагласи вицепремиерот.

Според најавите, две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи, а вкупно на целата траса се предвидени 14 галерии. Станува збор за зафат кој за прв пат се изведува не само во Македонија, туку и во целиот регион, каде со армиран бетон се стабилизираат косините.

Паралелно со галериите, се работи и на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски истакна дека проектот кој со години беше сметан за напуштен, сега го добива својот крај.

> „Ова беше напуштен проект, ова беше проект во којшто никој не веруваше, но веќе се гледа крајот, имаме 34 километри на коишто се вози, а во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани 10 километри на овој автопат каде што влегуваат тунелите и галериите.“

Моментално во функција се 34 километри од автопатот, а според последните објави на министерот, целта е целата делница да биде завршена до крајот на 2026 година согласно предвидените рокови.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Љатифи: Со интерконекцијата кон Албанија ја зајакнуваме енергетската сигурност на државата

Следно

Трамп се врати на бината и ги исмеа новинарите: Да не бев јас, ќе немаше за што да известувате (ВИДЕО)

Latest from Blog

Реал го краде Диоманде: Перез понудил 120 милиони евра за крилото на РБ Лајпциг!?

фото: Ben Jacobs @JacobsBen (X) Реал Мадрид најверојатно ќе го претрка европскиот шампион ПСЖ во трката за потписот на крилниот напаѓач на РБ Лајпциг, Јан Диоманде (19), објави „Фут Меркато“. „Кралевите“ наводно

Трамп се врати на бината и ги исмеа новинарите: Да не бев јас, ќе немаше за што да известувате (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп на одложената вечера на Здружението на дописници од Белата куќа упати остри критики кон медиумите, но дел од говорот го искористи и за шеги и помирувачки пораки. Церемонијата,

Љатифи: Со интерконекцијата кон Албанија ја зајакнуваме енергетската сигурност на државата

Интерконекцијата со Албанија станува реалност, порача директорот на АД МЕПСО, Бурим Љатифи, по денешниот увид во градежните работи на стратешкиот проект за поврзување на енергетските системи на двете земји. Заедно со тимот

Македонија далеку под европскиот просек – еве колку годишно се троши за енергија

Според најновата анализа на Visual Capitalist, изработена врз основа на податоци од Меѓународната агенција за енергија (IEA), Македонија се наоѓа во долниот дел од листата на земји според годишните трошоци за енергија

Возиња со трансферот на кариерата, потпишува за Коло Коло

Откако стекна планетарна популарност со настапот на Мундијалот, за својата репрезентација на Зеленортските Острови, голамнот Возиња го прави и трансферот на кариерата. Потпишива за легендарниот чилеански фудбалск клуб Коло Коло.  Како што
Go toTop