ЈКП „Водовод“ – Битола: Лабораториските анализи потврдуваат – битолската вода е безбедна за пиење

July 24, 2026
1 min read

ЈКП „Водовод“ – Битола соопшти дека континуирано спроведува строга контрола на квалитетот на водата за пиење, при што во изминатите три години се реализирани повеќе од 16.600 лабораториски анализи кои потврдуваат дека водата што се испорачува до корисниците ги исполнува сите пропишани стандарди за безбедност и квалитет.

Како што информираат од претпријатието, преработката на водата се врши во Филтерската станица Дихово, каде Одделението за санитарна контрола и третман на вода за пиење обезбедува 24-часовен мониторинг на процесот на третман и на квалитетот на водата.

Во периодот од 2023 до 2025 година биле извршени вкупно 16.622 лабораториски анализи, од кои 8.786 физичко-хемиски и 7.836 микробиолошки. Тоа претставува повеќе од 5.400 анализи годишно, односно во просек околу 15 анализи секој ден.

Контролата се спроведува на примероци од суровата вода, финалната вода во Филтерската станица, како и на бројни пунктови низ целата водоснабдителна мрежа. Дополнителни испитувања се вршат и при отстранување дефекти, пуштање во употреба на нови водоводни линии и по пријави од граѓаните.

Од ЈКП „Водовод“ – Битола нагласуваат дека, покрај интерната лабораториска контрола, квалитетот на водата редовно се проверува и од овластени и акредитирани надворешни лаборатории, согласно важечките законски прописи.

Испитувањата се реализираат во согласност со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, а резултатите од анализите покажуваат дека водата која се испорачува преку водоснабдителниот систем на ЈКП „Водовод“ – Битола ги исполнува сите законски барања за безбедност и квалитет.

Од претпријатието најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со континуираниот мониторинг и унапредување на процесите, со цел на граѓаните да им обезбедат сигурна, безбедна и квалитетна вода за пиење.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рома извиси, Самервил потпиша за Ал-Хилал

Следно

Општина Прилеп: Ченто останува симбол на достоинството, слободата и македонската државност

Latest from Blog

Димовски: На регионот му треба поблиско економско партнерство со ЕУ

Западниот Балкан треба да разгледува можности за поблиско економско интегрирање со Европската Унија, наместо целокупните очекувања да ги врзува за брзо политичко членство, оцени Илија Димовски во „Тема на денот“ на Сител.

Димовски: Политичката неизвесност во Србија е можност за македонската економија

Македонија треба активно да ги идентификува и да им пристапи на инвеститорите што поради политичката неизвесност во Србија би ги преиспитале своите планови, оцени поранешниот пратеник Илија Димовски во гостувањето во „Тема

Стојаноски: Приходите од концесии пораснале за 127%, продуктоводот проработе по 13 години

Пратеникот Бојан Стојаноски ги издвои зголемените приходи од концесиски надоместоци, повторното функционирање на продуктоводот Солун–Скопје и гасните поврзувања со соседните држави како резултати со кои ја бранеше работата на министерката Сања Божиновска

Пренџов: За две години претходната власт ја поскапи струјата за 42,7 проценти

Пратеникот Љупчо Пренџов ја доведе во прашање убедливоста на интерпелацијата за министерката Сања Божиновска, посочувајќи на малиот број пријавени говорници и на неучеството на водечките претставници на опозицијата во расправата. Обраќајќи му

Станковиќ: Рударството мора да носи поголема корист за државата и да ги почитува еколошките стандарди

Развој на рударството со почитување на највисоките еколошки стандарди и со повисоки концесиски надоместоци побара пратеникот Малиша Станковиќ во собраниската расправа за интерпелацијата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања
Go toTop