Министерството за енергетика ги реализира планираните чекори од Реформската агенда 2024–2027

July 22, 2026
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини активно ја спроведува Реформската агенда 2024–2027 во областа на енергетската транзиција, истовремено реализирајќи ги реформските активности и усогласувајќи ја националната регулатива со европското законодавство. Како резултат на овој континуиран процес, Европската комисија во својот Извештај од 20 мај 2026 година официјално потврди дека два реформски чекори се целосно исполнети.

Првиот целосно исполнет реформски чекор се однесува на воспоставувањето и целосната операционализација на структурите за управување со процесот на праведна транзиција. Со формирањето и ставањето во функција на сите предвидени тела, како и усвојувањето на годишниот план за спроведување, Европската комисија потврди дека механизмот за управување е воспоставен и целосно функционален.

Вториот потврден реформски чекор е донесувањето на тригодишниот План за реновирање на зградите на централната власт, усогласен со европските цели за енергетска ефикасност. Истовремено, обезбедена е и финансиска поддршка за негова понатамошна реализација, што овозможува навремено спроведување на планираните активности.

Покрај ова, Министерството целосно ги реализираше сите активности и процедури предвидени за уште два реформски чекори, за кои комплетната документација е доставена до Европската комисија. Во тек е процесот на нивна верификација и се очекува тие да бидат оценети во рамки на следниот извештај на Европската комисија. Станува збор за целосното транспонирање на Пакетот за интеграција на пазарот на електрична енергија, во согласност со барањата на Енергетската заедница и постепеното намалување на јавната интервенција во определувањето на цените.

Паралелно, Министерството активно го спроведува и реформскиот чекор што се однесува на воведување мерење и наплата врз основа на индивидуална потрошувачка, преку поставување индивидуални броила онаму каде што тоа е технички изводливо и економски оправдано, во согласност со европските директиви.

Во тек е реализацијата и на останатите реформски чекори предвидени со Реформската агенда. За дел од нив е предвиден грејс период за исполнување, додека останатите имаат рокови до декември 2026, јуни 2027 и декември 2027 година. Сите активности се реализираат согласно утврдената динамика, при што Министерството редовно известува за постигнатиот напредок кон Европската комисија.

Со досегашната реализација, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потврдува дека реформите во енергетскиот сектор се спроведуваат навремено и во согласност со европските стандарди, со јасна цел – забрзување на енергетската транзиција, усогласување со законодавството на Европската Унија и обезбедување пристап до средствата од Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Берзански извештај: Индексот МБИ10 во благ пад, промет од 7,4 милиони денари

Следно

Шасивари на средба со Рокас: Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер

Latest from Blog

ЛШ: Историска ноќ и победа за Комо, „петарда“ за Бодо во Минхен, Манчестер Ј. силно против Сабах

Комо со стил дебитираше во Лигата на шампионите. Тимот предводен од Сеск Фабрегас славеше со 3:1 против Лајпциг на „Синигалија“ и оствари историска победа во своето прво појавување во елитното европско натпреварување.

САД до сојузниците во НАТО: Напуштете го Меѓународниот кривичен суд и прекинете им ја поддршката

На состанокот на амбасадорите на 32 членки на НАТО зад затворени врати во Брисел кон средината на јули, американскиот претставник Метју Витакер побара од сојузниците да го напуштат Римскиот статут, основниот документ

Медведев: Нашето трпени не е бесконечно, останува нуклеарната опција

Во интервју објавено денес, Медведев ги отфрли толкувањата дека реториката на неговата земја за употребата на нуклеарно оружје е само низа „навестувања“, објави весникот „Ведомости“. „Ова не е тактика на заплашување, туку

Лавеци има сериозни психички проблеми (ВИДЕО)

Некогашната аергентинска фудбалска звезда, Езекил Лавеци, кој славата ја стекна во Наполи односно ПСЖ, во моментов има 41. година и објави во јавноста дека се соочува со сериозни психички проблеми. Додаде дека
Go toTop