Лимани: Нема медицински доказ дека пријавените стомачни тегоби се предизвикани од водата

July 17, 2026
1 min read

Во ваква ситуација, моја прва обврска е да ви ја соопштам состојбата точно, навремено и без прикривање на каква било информација, напиша градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, откако голем број на граѓани побарале медицинска помош, а дел од сомнежите одат во насока дека тоа е резултат на контаминирана вода од градскиот водовод.

„Според редовните анализи што ги спроведува ЈП „Комуналец“, досега испитаните примероци покажуваат дека параметрите на водата биле во рамките на законски дозволените вредности.

По добиената пријава, Јавното обвинителство, полицијата и другите надлежни институции извршија дополнителен увид и земаа нови примероци за лабораториско испитување. До објавувањето на официјалните резултати, по препорака на Агенцијата за храна и ветеринарство, воведена е привремена забрана за користење на водата за пиење и за подготовка на храна. Апелирам оваа мерка целосно да се почитува.

Таа е превентивна и е донесена заради заштита на здравјето на граѓаните. Во однос на тврдењата дека дошло до мешање на канализациска и водоводна вода, информациите од ЈП „Комуналец“ укажуваат дека на посочената локација нема канализациска мрежа. Сепак, сите наводи се предмет на проверка и конечна оценка ќе дадат исклучиво надлежните институции.

Во моментов нема официјален медицински или лабораториски доказ дека пријавените стомачни тегоби се предизвикани од водата од градскиот водовод. Причината мора да се утврди стручно и врз основа на релевантни анализи. Општината е во постојан контакт со сите надлежни институции и целосно соработува во постапката.

Веднаш штом бидат достапни официјалните резултати, тие ќе бидат јавно објавени, целосно и транспарентно. Ги повикувам граѓаните да останат смирени, да ја почитуваат привремената забрана и да се информираат од официјални извори.

Во вакви моменти, одговорноста на институциите е да ги утврдат фактите, а одговорноста на сите нас е да не шириме непроверени информации. Здравјето на граѓаните е најважно и секоја одлука ќе се носи исклучиво во согласност со официјалните стручни наоди“, напиша Лимани.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Л’Екип“ вели: Олисе веќе има донесено одлука да замине во Реал Мадрид

Следно

Силен земјотрес од 7,3 степени го погоди Мексико, зградите се виткаат како од гума- се очекува цунами (ВИДЕО)

Latest from Blog

Николоски: Градежништвото бележи историски раст од речиси 22 проценти

Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото бележи раст од речиси 22 % споредено со истиот период минатата година. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање, истакна

Проданоски: „Старо Бонче“ заслужува да биде меѓу најзначајните археолошки локалитети во Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го посети археолошкиот комплекс „Старо Бонче“, каде во изминатите десетина дена интензивно се реализираат систематски археолошки истражувања. Проданоски се запознал со текот на истражувањата и досегашните
Go toTop