По екстремните горештини, силно невреме однесе два животи во Франција

July 17, 2026
1 min read

Најмалку две
лица загинаа откако силно невреме ја зафати Франција во текот на ноќта, по долг
период на екстремно високи температури, додека околу 53.000 домаќинства во
петокот останаа без електрична енергија, јавија француските медиуми и
операторот на електродистрибутивната мрежа „Енедис“.

Во местото
Сен Викторјен, во централниот департман От Виен, жена загинала во четвртокот
вечерта откако врз неа паднало дрво.

Во местото
Доломје, во источниот дел на земјата, маж бил пронајден мртов, изгорен во пожар
во работилница која доцна во четвртокот била погодена од гром, јави агенцијата
АФП.

Операторот
„Енедис“ соопшти дека 53.000 домаќинства останале без струја, а прекините во
снабдувањето најмногу ги погодиле регионите Оверњ-Рона-Алпи на југоистокот и
Нова Аквитанија на југозападот на Франција.

Француската
метеоролошка служба „Метео Франс“ во петокот го укина портокаловото
предупредување за силно невреме во сите департмани во југоисточна Франција кои
претходно беа погодени.

Претходно,
службата предупреди на појава на крупен град и силни налети на ветер, кои се
очекуваа од Централниот Масив до Алпите.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„ФизиоС Плус“ – прв центар за физикална медицина и роботска рехабилитација со најсовремена технологија и индивидуален пристап

Следно

Пред концертот во Скопје, Или Лимани со Меџити го посети Универзитетот „Мајка Тереза“

Latest from Blog

Проданоски: Вечерва започнува 23. Пиво Фестивал – Прилеп ги отвора вратите за посетителите

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека градот е целосно подготвен за почетокот на 23. издание на Пиво Фестивалот, еден од најзначајните туристички и културни настани во земјата. Според него, Општина

Еден од најстарите фудбалски клубови во Португалија отиде во банкрот!

Еден од најстарите фудбалски клубови во Португалија и официјално – банкротираше. Боависта ги суспендира сите активности откако клубот не успеа да ги собере потребните средства за да продолжи со работењето за време

Пред концертот во Скопје, Или Лимани со Меџити го посети Универзитетот „Мајка Тереза“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со познатиот албански музички уметник Или Лимани, го посети Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, каде одблиску ја проследија изградбата на универзитетскиот кампус. Меџити истакна дека

„ФизиоС Плус“ – прв центар за физикална медицина и роботска рехабилитација со најсовремена технологија и индивидуален пристап

Приватната здравствена установа за физикална медицина и роботска рехабилитација „ФизиоС Плус“ започнува со работа како современ центар во кој стручната медицинска проценка, класичните физикални методи и напредните роботски технологии се обединуваат во индивидуално приспособени
Go toTop