Ангелова: ВМРО го враќа достоинството и квалитетот во образованието

July 17, 2026
1 min read

Образованието повторно е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. По години на хаос, доцнења и неизвесност, денес системот функционира навремено и во интерес на учениците и наставниците, изјави Емилија Ангелова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Втора година по ред, учебниците за сите одделенија ги дочекаа учениците уште на првиот училишен ден. За разлика од претходните седум години, кога имаше учебни години без отпечатени учебници, денес над еден милион примероци се на училишните клупи, а набавени се по значително пониски цени, со што само во последните две години се заштедени околу 45 милиони денари. За првпат по седум години, учениците повторно добија учебници по странски јазици – англиски, француски, германски и италијански“, рече таа.

Паралелно со тоа, додаде Ангелова, Владата ја врати сигурноста и за наставниците.

„Со потпишаната спогодба со СОНК е обезбедено гарантирано зголемување на платите во следните четири години од 40 до 60 проценти, зависно од инфлацијата. Само во првите две години платите се зголемени за повеќе од 20 проценти. За разлика од минатото, кога платите се покачуваа исклучиво пред избори и никој не знаеше колку ќе изнесува покачувањето, денес постои јасен и предвидлив систем кој го вреднува трудот на наставниот кадар“, рече Ангелова.

Дополнително, додаде таа, за првпат е овозможен кариерен напредок и за наставниците и стручните соработници во средното образование преку избор во звања ментор и советник.

„Посебно внимание е посветено и на инклузивното образование. Додека во времето на СДС и ДУИ имаше околу 800 образовни асистенти само во основното образование, денес има 1.350 во основните училишта и за првпат 150 асистенти во средното образование. Истовремено се модернизира и образовниот процес. Над 160 училишта се опремени со современа ИТ опрема, дигитализирани се сите услуги за учениците и студентите, административниот товар на наставниците е значително намален со новиот електронски дневник, воведени се електронски свидетелства, а за првпат во образованието се воведуваат и насоки за етичка примена на вештачката интелигенција, со обучени повеќе од 1.000 наставници. Само во првата година од мандатот се инвестирани над 70 милиони евра во нови училишта, спортски сали, реконструкции и проширување на образовната инфраструктура, што претставува повеќекратно вложување споредено со периодот на власт на СДС“, рече Ангелова.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дешан не им даде слободен ден на Французите пред мечот со Англија

Следно

„ФизиоС Плус“ – прв центар за физикална медицина и роботска рехабилитација со најсовремена технологија и индивидуален пристап

Latest from Blog

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани

Руни жестоко го нападна Бруно Фернандеш: „Го фрли Карик под автобус, тоа не е лидерство“

Убедливиот пораз на гостувањето кај Комо како да го урна и она малку позитивно што го следеше Манчестер јунајтед од почетокот на сезоната. Освен дебаклот на теренот, дополнителни реакции предизвикаа и зборовите

Коњановски: Пет децении пријателство меѓу Битола и Херцег Нови, нов меморандум за заедничка иднина

Со потпишување Меморандум за потврдување на соработката и симболично садење дрво на пријателството, во Херцег Нови беа одбележани пет децении од збратимувањето со Битола. На свеченоста присуствуваше градоначалникот Тони Коњановски, кој порача
Go toTop