Божиновска во интервјуто за Портрет: „Успехот зависи од тоа колку сме подготвени постојано да учиме“

July 16, 2026
2 mins read

Патот на Сања Божиновска не може да се гледа само низ нејзината кариера, туку и низ искуствата, вредностите и изборите што ја обликувале како професионалец и лидер. Во разговорот таа се осврнува на знаењето како личен капитал, на вредностите што денес ги носи во јавната функција како министерка за енергетика, рударство и минерални суровини и на професионалното искуство стекнато во различни земји, академски средини, култури и деловни предизвици. Помеѓу енергетиката, меѓународното искуство и вредностите што ја водат, ова е интервју за лидерството како личен став, за интегритетот, дисциплината и довербата, но и за иднината што се гради со визија, знаење и одговорност.

Вашата кариера се градела во неколку европски земји и различни деловни култури. Кое искуство најмногу го промени начинот на кој денес носите одлуки и гледате на лидерството?

Кога ќе поминете низ различни земји, институции и деловни култури, неизбежно сфаќате дека лидерството не е универзална формула. Она што во една средина се смета за успешен начин на водење, во друга може да биде неприменливо.  Затоа најголемата вредност на меѓународното искуство  e способноста да ги разберете луѓето, различните перспективи и контекстот во кој се носат одлуките. Во текот на кариерата работев со експерти од различни националности, култури и професионални профили. Секој од нив имаше свој начин на размислување, свои приоритети и свој пристап кон решавањето на проблемите. Тоа ме научи дека најдобрите одлуки најчесто се создаваат кога ќе се соберат различни мислења, кога ќе се слушнат аргументите и кога ќе се изгради доверба меѓу луѓето кои имаат заедничка цел. Во енергетикатапоследиците од секоја одлука може да се чувствуваат со години, а понекогаш и со децении. Затоа лидерот мора да размислува не само за денес, туку и за генерациите што доаѓаат. Лесно е да се донесе популарна одлука. Многу потешко е да се донесе правилна одлука која можеби нема веднаш да биде препознаена, но долгорочно ќе создаде стабилност и развој. Токму затоа секогаш настојувам краткорочните притисоци да не ја засенат долгорочната визија.  Со текот на времето сфатив дека авторитетот не произлегува од функцијата што ја извршувате, туку од довербата што ја градите.  Луѓето ве следат кога веруваат дека сте доследни, дека знаете што правите и дека сте подготвени да преземете одговорност и кога работите не се одвиваат според планот.

Денес, кога носам одлуки, секогаш се обидувам да ги разгледам од повеќе агли. Се потпирам на факти, анализи и стручни мислења, но никогаш не заборавам дека зад секој проект, секоја политика или секоја инвестиција стојат луѓе.  На крајот успехот секогаш зависи од човечкиот капитал. Верувам дека современиот лидер мора постојано да учи. Светот денес се менува побрзо од кога било, особено во енергетиката, каде што геополитиката, климатските промени, новите технологии и економските текови се испреплетени повеќе од кога било досега. Никој не може да си дозволи да мисли дека ги има сите одговори. Лидерството денес значи да имате доволно самодоверба да носите тешки одлуки, но и доволно скромност да признаете дека секогаш има простор за ново знаење.

Ако треба во една реченица да кажам што најмногу ме промени, тогаш тоа е сознанието дека вистинското лидерство не се мери според моќта што ја имате, туку според довербата што ја создавате, вредностите што ги застапувате и луѓето што ќе ги инспирирате да бидат подобри отколку што биле вчера.

Целото интервју може да го прочитате на portret.digital

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скалони: Ние сме посебни, тоа не е ароганција – тоа е срце!

Следно

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Latest from Blog

Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)

Коен Вајли беше убиен во јуни додека седел во скутот на неговата мајка. Полицијата тврди дека возачот го возел автомобилот кон полицајците, пишува Би-Би-Си. Пукање по пријава за кражба На 14 јуни,

Go toTop