Скалони: Ние сме посебни, тоа не е ароганција – тоа е срце!

July 16, 2026
1 min read
ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, не ги криеше своите емоции по победата на неговиот тим од 2:1, со која „гаучосите“ стигнаа до второто последователно финале на Светското првенство. Обраќајќи се пред медиумите по натпреварот, Скалони нагласи дека е горд на своите играчи и навивачи, нагласувајќи дека репрезентацијата повторно го остава без зборови.
„Немам зборови. Ова е голема радост за целиот тим и за нашиот народ. Нашите навивачи никогаш не престануваат да нè изненадуваат. Тешко е да се опише што покажуваат овие играчи на теренот. Ние сме уникатни, посебни навистина. Овие луѓе нè носат до победа“, рече Скалони. Тренерот на актуелните светски шампиони рече дека неговиот тим нема да се откаже од борбата за нова титула во финалето против Шпанија.
„Ќе се обидеме да победиме. Ќе дадеме се од себе. Но, она што го постигнавме досега е веќе импресивно.“
Конечно, тој уште еднаш нагласи што, според него, ја разликува оваа генерација аргентински фудбалери.
„Ние сме посебни и тоа не е ароганција. Тоа е срце.“

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пробиштип субвенционира клими, сончеви колектори и велосипеди – почна пријавувањето за 2026 година

Следно

Божиновска во интервјуто за Портрет: „Успехот зависи од тоа колку сме подготвени постојано да учиме“

Latest from Blog

Николоски: Наскоро почнува изградбата на автопатот Букојчани-Кичево

Македонија во моментов реализира пет автопатски делници истовремено, а наскоро се очекува да започне изградбата и на шестиот автопат, Букојчани-Кичево. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека Коридорот 8 досега

Најмалку четворица загинати и 20 повредени во израелски напад на југот на Либан

Израелската армија ја нападна и уништи болницата Гандур во ал-Набатија ал-Фаука, зграда која не била во функција со години. Објавено е дека има и повредени. Градот Набатија беше погоден и од насилен

Со новиот договор Луис Енрике ќе зема двојно поголема плата во ПСЖ

Фото: ПСЖ Х Шпанскиот стручњак Луис Енрике неодамна го продолжи договорот со актуелниот француски и европски шампион ПСЖ. Договорот беше продолжен до 2030 година, но за време на официјалното објавување на таа

По заканите од Аргентина и пораките на Трамп, Британија бара повеќе пари за одбрана на Фокландите

Претседателот на одборот за одбрана на британскиот парламент, Тан Деси од Лабуристичката партија, денеска изјави дека заканите од аргентинскиот претседател Хавиер Милеј во врска со Фолкландските Острови ја истакнуваат потребата Велика Британија

ВЛЕН: Растат инвестициите, извозот и индустријата – економијата со раст од 4,3 отсто

Економскиот раст од 4,3 отсто во вториот кварталпретставува позитивен сигнал за македонската економија, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека зад растот стојат зголемените инвестиции, извозот и производството. Според податоците што ги презентира
Go toTop