БЛИСКИОТ ИСТОК ПРЕД ТОТАЛНА ВОЈНА – САД ги блокираа иранските пристаништа, Иран ги нападна Бахреин и Кувајт!

July 15, 2026
1 min read

Рано утринава, американските вооружени сили повторно воведоа блокада на иранските пристаништа како директен одговор на неодамнешните напади на Техеран врз трговски бродови кои се обидуваат да минат низ Ормуската Теснина. Иран веднаш изврши нови воени удари врз земјите во регионот каде што се стационирани американски трупи, Бахреин и Кувајт. Обидите на двете страни да воспостават воена контрола врз овој клучен поморски премин, низ кој во мирнодопски услови транзитира околу една петтина од светскиот извоз на нафта и природен гас носат сериозна закана за вовлекување на целиот регион во воен конфликт со пошироки размери.

САД првично воведоа ваква блокада во средината на април, но истата беше привремено укината во јуни по потпишувањето на договорот за 60-дневен рок за преговори околу иранската нуклеарна програма. Меѓутоа, по целосниот застој во разговорите, тензиите во Персискиот Залив повторно ескалираа.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена најави обновување на блокадата и воведување такса од 20 проценти за бродовите кои минуваат низ теснината, но само неколку часа пред нејзиното стапување на сила се откажа од мерката, попуштајќи пред барањата на американските сојузници во Заливот. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп најави дека во следните два дена ќе следуваат нови американски удари врз Иран, предупредувајќи дека доколку не се обноват преговорите, до следната недела како цели би можеле да се најдат и мостови и електроцентрали.

Пред официјалното обновување на поморската блокада, Централната команда на американската војска (CENTCOM) соопшти дека нивните сили веќе извршиле нов бран напади. Како резултат на тоа, рано изутринава во Бахреин и Кувајт беа активирани сирените за ракетна опасност поради новите ирански одмазднички акции.

Исламската револуционерна гарда потврди дека успешно погодила командни, логистички и воени објекти на американската Петта флота стационирана во Бахреин, нагласувајќи дека тоа е директен одговор на американските активности во Индискиот Океан, притоа исрапаќајки сериозно предупредување дека доколку САД се обидат целосно да го блокираат нивниот извоз на енергенси, тие се подготвени да затворат и други поморски рути кои ги користат САД и нивните сојузници.

Командантот на CENTCOM, адмирал Бред Купер, изјави дека Иран лансирал десетици ракети и беспилотни летала кон соседните арапски држави, порачувајќи дека САД ќе го сметаат Техеран за директно одговорен за оваа неиспровоцирана агресија. Во моментов, во Арапското Море се распоредени најмалку 19 американски воени бродови, вклучувајќи два носачи на авиони и десантен брод со над илјада маринци, како и стотици воени авиони во базите низ Блискиот Исток.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оваа Шпанија е како казнена експедиција, никој ништо не и може, па ни Мбапе!(ФОТО)

Следно

Мега – спектакл на свеченото затворање на СП: Роби Вилијамс, Никол Шерцингер, Том Круз…(ФОТО)

Latest from Blog

ПЛ: Халанд за нови три бода на Сити, Тотенхем непоразен кај „шумарите“

фото: Premier League @premierleague (X) Манчестер Сити продолжи со максимален ефект на стартот од сезоната во Премиер-лигата, откако со минимални 1:0 го совлада Ковентри на домашен терен во денешните попладневни дуели од

Божиновска: Градиме сигурна и конкурентна енергетска иднина за Македонија

Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, со што прави значаен исчекор кон поголема енергетска сигурност и диверзификација на снабдувањето со природен гас. Ова го истакна министерката за енергетика, рударство и

Драмата во Непал не стивнува- уште еден маж е извлечен жив, 5.000 луѓе и натаму се заробени во тунелите (ВИДЕО)

Стотици луѓе се заробени во блокирани тунели на хидроцентрала по поплавите од минатиот месец. Невидена лавина од мраз, камења, кал и остатоци на границата меѓу Непал и Тибет во среда – за

Николоски: Гевгелија добива нов лик, продолжува владината поддршка за општината

Старата чаршија во Гевгелија е обновена и повторно ставена во употреба, а поддршката од Владата за реализација на инфраструктурни и други проекти во општината продолжува, истакна вицепремиерот и министер за транспорт и

Проданоски со отчет за сработеното: Во Прилеп се реализираат 18 проекти вредни околу 12 милиони евра

Општина Прилеп во партнерство со Владата и ресорните министерства реализира 18 проекти поддржани со околу 12 милиони евра, информираа од ВМРО-ДПМНЕ пренесувајќи ја изјавата од прес-конференцијата на градоначалникот Дејан Проданоски. Според изнесените
Go toTop