Австралијци открија големо златно богатство во Србија: Бобија крие милиони во вредни метали

July 13, 2026
1 min read

Австралиската рударска компанија Middle Island Resources објави нови резултати од истражувачкото дупчење на проектот Бобја кај Љубовија, кои покажуваат постоење на плиток минерализиран систем богат со злато, сребро и обоени метали.

Во втората фаза од истражувањата биле изведени 17 бушотини со вкупна должина од 1.363 метри, при што е потврдена широка минерализација во централниот, северниот и западниот дел од наоѓалиштето. Според компанијата, овие зони се поврзани во еден голем систем кој моментално се протега на околу 80.000 квадратни метри.

Како еден од најзначајните резултати е издвоена бушотината BMLRC022, каде што на само еден метар длабочина е откриен интервал од 41 метар со просечна содржина од 1,03 грама злато и 52,9 грама сребро по тон руда, како и присуство на бакар, олово и цинк.

 

Генералниот директор на компанијата, Питер Спирс, изјави дека проектот Бобја брзо се развива во големо плитко лежиште на злато и сребро, нагласувајќи дека сите досега испитани делови покажуваат значајна минерализација блиску до површината.

„Границите на системот сè уште не се утврдени, а минерализацијата останува отворена во повеќе правци“, посочи Спирс.

Од компанијата наведуваат дека претходните истражувања главно биле насочени кон олово, цинк и барит, додека потенцијалот за злато и сребро бил недоволно истражен. Новите анализи, според нив, покажуваат дека токму овие два метали се главен дел од минералниот систем.

Следната, трета фаза на истражно дупчење ќе биде насочена кон дополнително утврдување на големината на наоѓалиштето, особено кон северниот и јужниот дел, како и кон поврзување на веќе потврдените зони.

Проектот Бобја опфаќа пет истражни дозволи на површина од 182 квадратни километри. Middle Island Resources има десетгодишна опција за стекнување две експлоатациски дозволи од компанијата Бобја д.o.o. Љубовија, со договорен надомест од 0,5 отсто од нето приходот од топење на рудата, до максимален износ од 500.000 евра.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина судијата кој беше исфрлен од СП поради педофилија!(ФОТО)

Следно

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше

54,16 милиони денари промет на Македонската берза во изминатата недела

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 31.08–04.09.2026, вкупниот промет изнесуваше 54.155.109 денари: 41.448.016 денари со акции преку редовно тргување, 704.948 денари со

ПЛ: Халанд за нови три бода на Сити, Тотенхем непоразен кај „шумарите“

фото: Premier League @premierleague (X) Манчестер Сити продолжи со максимален ефект на стартот од сезоната во Премиер-лигата, откако со минимални 1:0 го совлада Ковентри на домашен терен во денешните попладневни дуели од
Go toTop