Костадиновска-Стојчевска : Разрешувањето на Љутков е признание на власта дека ја уништи културата

July 13, 2026
2 mins read

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница за Предлогот за разрешување членови на Владата, рече дека разрешувањето на министерот за култура Зоран Љутков е признание за неговото неуспешно работење и за целосниот застој во културата во изминатите две години, откако ВМРО на власт.

„Две години имавме министер актер кој навистина треба да признаеме дека многу добро ги одглуми овие две години. Две години лажеше наоколу за колективниот договор. Го лажеше Синдикатот на културата. Ги лажеше и културните работници. Ветуваше поголем буџет, поголем буџет има, ама не знаеме за што е”, обвини Костадиновска-Стојчевска.

Таа посочи дека Министерството за култура по две години нема јавни резултати од конкурсите, нема повик за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа и нема ниту еден нов капитален проект, туку само продолжување на активности започнати во претходниот период, кога на валст беше СДСМ.

Костадиновска-Стојчевска нагласи дека меѓу проектите што биле започнати и оставени како наследство се просториите за Националниот џез оркестар, кино „Партизан”, киното во Валандово, како и новите локални центри за култура.

Таа потсети и на други процеси реализирани во претходниот период, меѓу кои првата реституција на икони во регионот, добивањето на титулата Европска престолнина на културата и поддршката за развој на културните процеси, оценувајќи дека дел од овие активности не продолжиле во мандатот на актуелниот министер.

„Имавме пет нови национални установи и секоја од нив е со посебна традиција, со посебен придонес, на кои при секое негово јавно излегување им се заканува затворање”, рече Костадиновска-Стојчевска.

Костадиновска-Стојчевска посочи и на односот на Министерството кон македонскиот јазик, потенцирајќи дека најголемиот резултат од претходниот период беше донесувањето на новиот Закон за употреба на македонскиот јазик, кој, како што рече, актуелниот министер не успеа да го спроведе.

„Најголемиот придонес од тие две години пред Љутков е новиот Закон за употреба на македонскиот јазик, од времето на СДСМ, ама тој не знае да го спроведе две години. Во тој закон имаше Инспекторат за македонски јазик, на којшто откако му го намали статусот никако да му овозможи да профункционира”, истакна таа.

Костадиновска-Стојчевска обвини дека наместо развој, културата во изминатите две години се соочи со сериозен институционален пад. Таа обвини дека македонистиката е доведена „на колена”, нема конкурс за поддршка на преводи за странски издавачи, Советот за македонски јазик е игнориран, статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО е под сериозна закана, а културното наследство е запоставено.

Костадиновска-Стојчевска предупреди и на нетранспарентноста во распределбата на средствата за култура, како и на проблемите со Колективниот договор и тужбите од културните работници.

„Во две години имавме нетранспарентност, 800 тужби за скратени, намалени плати, свесно намалени плати и непочитување на Колективниот договор. Имавме нејасна поделба на државните пари за култура”, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа ги отфрли тврдењата дека проблемите со Колективниот договор биле наследени, потсетувајќи дека актуелниот министер претходно го поддржувал неговото донесување.

„Колективниот договор, и покрај неговите ноторни лаги две години, беше потпишан со согласност од сите релевантни министерства, запишан во националниот регистар и регистриран. Тој беше тој што велеше: ‘Ова е колективниот договор за којшто се боревме’. Каков проблем наследил од Колективниот договор не знам, кога само во минатата година имаше 800 тужби, а јас немав ниту една. Нема толку постови колку што може да напише министерот коишто може да го покријат срамот којшто тој ѝ го донесе на неговата фела. Токму затоа денес можеме да кажеме дека, ‘министре, пак победи културата и се спушти завесата на вашите две години’, порача Костадиновска-Стојчевска.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: „Водовод и канализација“ интензивно работи на проблемот со водоснабдувањето

Следно

Осуден поранешен претседател на Јужна Кореја

Latest from Blog

Ал-Наср во финансиски проблеми: Соиграчите на Роналдо добиле само пола плата за јуни

Ал-Наср, каде што игра Кристијано Роналдо, се соочува со финансиски тешкотии. Неколку од играчите на тимот наводно добиле помали плати од нивната целосна плата за јуни, но раководството на клубот работи на

Французин во Сингапур ја излижа сламката и ја врати меѓу чистите. СУДЕЊЕТО МУ Е ОДЛОЖЕНО (ВИДЕО)

Судењето на 19-годишен Французин обвинет дека се снимал себеси во Сингапур како лиже сламка од машина за сок, а потоа ја враќа во садот, е одложено бидејќи обвинителите се обидуваат да разјаснат

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

МакедонијаЈанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволивоОбјавено пред 46 секунди – 13 јули, 2026Од С В Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби

Австралијци открија големо златно богатство во Србија: Бобија крие милиони во вредни метали

Австралиската рударска компанија Middle Island Resources објави нови резултати од истражувачкото дупчење на проектот Бобја кај Љубовија, кои покажуваат постоење на плиток минерализиран систем богат со злато, сребро и обоени метали. Во

Почина судијата кој беше исфрлен од СП поради педофилија!(ФОТО)

ФОТОfacebook.com/knvb Судијата, Роб Диперинк, почина на само 38-годишна возраст, соопшти Холандската фудбалска федерација, испраќајќи сочувство до семејството и пријателите на судијата. Причината за смртта на Диперинк сè уште не е објавена. Диперинк
Go toTop