Судијата за полуфиналето помеѓу Франција и Шпанија на Светското првенство е избран, и сите ќе бидете изненадени.
Тоа ќе биде Иван Бартон, судија од Ел Салвадор кој ја суди лигата на земјата, и човек на кого ФИФА очигледно му верува да ја заврши работата во натпревар кој е историски.
Тој судеше три натпревари на Светското првенство оваа година, натпреварот помеѓу Турција и Парагвај, Јапонија и Шведска, и Швајцарија и Колумбија во осминафиналето.
Тој ќе биде запаметен и како голема ѕвезда на социјалните мрежи поради црвениот картон и начинот на кој му го покажа на парагвајскиот играч.
Инаку според „Трансфермаркт“, двете репрезентации моментално вредат 2.740.000.000 евра.
Извор: vecer.mk


