Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

July 12, 2026
1 min read

Речиси 40
години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на
Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен.

Мелиса
Елисон (20) беше пронајдена мртва во својот дом во Џексонвил на Флорида на 28
декември 1987 година. Според наводите на полицијата, таа починала како
последица од повеќекратни удари со тап предмет. Нејзините цимери им кажале на
истражителите дека отишле да ја проверат откако во дневната соба ја затекнале
нејзината мала ќерка како плаче. Иако веднаш била покрената истрага, случајот
со години останал нерешен.

Еден
повик го промени текот на истрагата

Пресвртот
уследи во средата, кога седумдесетгодишниот Гери Гловач се јавил во дежурната
служба на канцеларијата на шерифот на округот Клеј и рекол дека сака да сподели
информации за убиството на Мелиса Елисон.

По повикот,
Гловач бил приведен на разговор во канцеларијата на шерифот во Џексонвил, а
набрзо потоа бил уапсен и сместен во затвор во округот Дувал под обвинение за
убиство и провала, соопштија истражителите во четвртокот.

Полицијата
не ја откри содржината на телефонскиот разговор, ниту објасни зошто веднаш по
сослушувањето било одлучено тој да биде уапсен.

„Иако
неговото апсење не може да ја пополни огромната празнина во срцата на
најблиските на Мелиса, се надевам дека ова е уште еден чекор кон нивното
исцелување. Со повикување на одговорност можеме ова грозоморно злосторство да
го наречеме со вистинското име – убиство и провала со примена на насилство“,
рече шерифот на Џексонвил, Т. К. Вотерс, на прес-конференција.

Тој додаде
дека телевизиските серии често создаваат впечаток дека убиствата што не се
решени во првите 48 часа никогаш нема да бидат расветлени.

„Тоа
едноставно не е точно“, порача Вотерс.

Ќерката
на жртвата: Ова ми донесе чувство дека приказната е завршена

Ќерката на
Мелиса, Кејси, која во моментот на убиството имала само 13 месеци, изјави дека
апсењето на осомничениот му го променило погледот на светот.

„Знам дека
тоа никогаш нема да ми ја врати мама, но чувствувам неверојатно олеснување и
конечно имам чувство дека една приказна е завршена“, изјави таа за локалната
телевизија News4Jax.

Шерифот
наведе дека случајот сега го води државното обвинителство, поради што не можеше
да открие на кој начин Гловач бил идентификуван како осомничен.

„Ова апсење
покажува дека оваа служба никогаш не се откажува и дека останува посветена на
тоа правдата да ги стигне жртвите и нивните семејства“, рече Вотерс.

Според
наводите на News4Jax, Гловач има богато криминално досие. Тој бил
осудуван во 1989 и 1996 година за купување кокаин, во 1998 година за провала, а
пред десетина години признал вина за возење под дејство на алкохол во округот
Клеј.

Според
затворската евиденција, тој треба да се појави пред судот на 30 јули. Засега не
е познато дали ангажирал адвокат кој ќе го застапува.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска-Давкова им подари традиционална галичка пафта на младенците на „Галичка свадба“

Следно

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот
Go toTop