Сиљановска-Давкова им подари традиционална галичка пафта на младенците на „Галичка свадба“

July 12, 2026
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство.

Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство.

По венчавањето во храмот „Св. Петар и Павле“, таа им се придружи на младенците и свадбарите во традиционалното оро.

Честитајќи им го бракот на овогодинешните младенци, Мартина Михајлова и Александар Пендароски, таа им подари галичка пафта со мотив од традиционалната галичка носија која е симбол на плодноста и македонското свадбено богатство.

Сиљановска-Давкова им посака заедничкиот живот да им биде исполнет со љубов, доверба и меѓусебна почит, а домот со разбирање и детска смеа.

За неа, семејството е највозвишената човечка заедница, бракот е уметност на неможното, а децата неговото најголемо богатство.

Годинашната „Галичка свадба“ започна на 10 јули со традиционалното поставување на свадбарскиот бајрак и симболичното фрлање три пушки од куќата на зетот, со што беше означен почетокот на свадбените свечености.

Од година во година, манифестацијата привлекува сѐ повеќе посетители од земјата и од странство, останувајќи една од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кога не му оди на Кејн, тука е Белингам…. Аргентина трет меч во елиминациите се „провлекува“….

Следно

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Latest from Blog

ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nkcelje/ Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop