Во полуфиналето од тековниот Мундијал имаме супер пресметка помеѓу Англија и Аргентина. Синоќа англичаните под водство на Џуд Белингам успеаа да ја елиминираат Норвешка со 2:1, додека пак Аргентина иако фаворит со мака ја мина Швајцарија со 3:1.
Освртот на овие два дуела го прави Горазд Михаилов. Тој смета дека индивидуалниот квалитет на англичаните пресуди тие да се меѓу четирите најдобри на овој турнир, додека Аргентина е таа која што полека „паѓа“ во формата но ете и натаму е тука.
„Како што и се претпоставуваше така и измина овој меч помеѓу Англија и Норвешка. Интересен меч во кој што видовме две резлички филозофии. Сепак, на крајот одлучи индивидуалниот квалитет, кој што го поседува Англија. Доколку го немате Кејн да е разположен да го реши мечот, тука настапува следната звезда на англичаните Џуд Белингам. Кој што со овие два топ одиграни мечеви ја одведе Англија во полуфинале.
Интересен меч во кој што првото полувреме и не делуваше баш така. Дефанзивна Норвешка, која што се предодреди да брани да се чува. Со некои спорадични контра напади да го загрози голот на Англија. Доминација на Англија која што беше јалова не резултираше со конкретни шанси. Сепак, во 35. Минута, стратегијата на норвежаните, односно на селекторот Солбакен како да се смени, во тој момент, излегоа повисоко, успеаа со тој прекрасен гол да поведат. И кога сите помисија дека ќе се замине со предност на полувреме, сепак, Англија успеа да израмни. Во ситуација во која прв пат тоа вертикално додавање успеа, со пробивот на Белингам, и неговата класа дојде до израз. Додавањето одлично каде што немаше централни дефанзивци на Норвешка.
Во вториот дел како да се сменија улогите. Англија беше таа која што ја препушти иницијативата на норвежаните, и се обидуваа со контра напади, а и измените кои што беа направени да се загрози голот на противникот. Норвежаните стабилни, дизциплинирани, ништо изненадувачки за нив. Имаа повеќе од играта, но сепак, шанси не. Според мене дискутабилно поништен гол, за водство на Норвешка, бидејќи да се поништи голот, а потоа повторно да се изведе корнерот од кој што е постигнат тој гол е малку дискутабилно. Не ја разбирам логиката на ова. Волф имаше шанса, погодена греда. Како изминуваше времето норвежаните го имаа поседот, но Англија успешно се одбрани.
Во продолженијата кога се очекуваше, да тактизираат и двете селекции, Англија изненади со пристапот, агресивен. Плод на тоа е голот, на вистинско место повторно Белингем, кој успеа да искористи во право време, грешка, невнимателност, речиси идентично како што Белгија испадна од овој Мундијал против Шпанија. Потоа беше јасно дека Англија ќе се повлече ќе чека нова грешка на противникот да казни уште еднаш преку контра. Освен Спенсер кој што навистина беше освежување за англичаните во тој момент, не се случи, нешто посебно. Два удара по кој Нислен беше на вистина на задача. Норвежаните имаа посед, сакаа да сторат нешто повеќе, дури селекторот Солбакен го извади Халанд од игра, стави играч кој што е добар во воздушни дуели, сепак не успеаа да реализираат. Дискутабилен е и пеналот кој што беше на прв поглед сосема легитимен, ВАРја одигра својата одлука. Тухел со внесувањето на дефанзивецот Брн се одлучи за го затвори мечо со пет дефанзивци во линија, во што и успеа. Кој го гледаше овој меч не зажали“ – вели Михаилов, а потоа се осврнува на мечот Аргентина – Швајцарија.
Аргентина полека како да го губи здивот
„Уште еден дуел од овие четвртфинални мечеви кои што имаше епилог по продолженијата. Може да се каже за истиот може да се каже дека Аргентина не беше на потребното ниво. Очигледно „Гаучосите“ го губат здивот, за разлика од другите селекции на турнирот, кои што очигледно ја подигаат формата. Веќе трет меч од овие елиминациони мечеви како можеме слободно да кажеме дека Аргентина се „провлече“. Сепак, и на таков начин да поминуваш на вака силно натпреварување, значи дека имаш квалитет, дека ете, едноставно имаш слаб ден, и дека и еден Меси може да биде нерасположен. Се гледа дека кога тој не е расположен нема замена за него, кој да ги поведе. Доста тврд меч, во кој што голот постигнат од корнер уште на почетокот во првите десет минути како да го промени текот на мечот. Од тој момент, Аргентина доста резервирана, Швајцарија беше таа која што имаше теренска иницијатива. И во вториот дел дел, на почетокот во првите дваесетина минути, навистина како да висеше тој гол. Сосема легитимно Швајцарија израмни. Потоа, онаа глупост на Емболо кога симулираше за што заработи втор жолт картон и исклучување, дозволи Аргентина да преземе иницијатива, да се обиде да победи во регуларниот дел но не успеа. Уште еднаш продолженија, комплетна опсада кон голот на Швајцарија, кои очигледно со дефанзива и потенцијални контри се обидоа да стигнат до нешто. Сепак, не успеаа во тоа. Тука пред се затоа што Алварес постигна евро гол, и кога се очекуваше крај Лаутаро „запечати“ победа. Резултатот е убедлив, но не и играта на Аргентина. Се до црвениот картон на Емболо имаше тотален егал на терен. Имаме супер меч во полуфиналето, Англија – Аргентина. Меч со голема тежина како на терен така и надовр од него“ – поентира искусниот стратег.
Извор: vecer.mk

