Проданоски: Прилеп доби модерен Центар за услуги – над 350 услуги за граѓаните на едно место

July 10, 2026
1 min read

Прилеп е меѓу првите градови во државата каде што е отворен Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, со што граѓаните ќе добијат побрз, поедноставен и поефикасен пристап до голем број јавни услуги.

Градоначалникот Дејан Проданоски, заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска официјално го промовираа новиот Центар за услуги, кој функционира според принципот „една врата“ и е сместен во просториите на Општина Прилеп.

 

„Со отворањето на оваа канцеларија направивме уште еден важен чекор кон помодерна, поефикасна и подостапна јавна администрација. Ова беше едно од нашите ветувања – да им го олесниме секојдневието на граѓаните и да ги поедноставиме административните постапки“, истакна Проданоски.

Тој појасни дека преку Националниот портал за е-услуги, граѓаните ќе можат да користат повеќе од 350 услуги, додека компаниите ќе имаат пристап до над 700 услуги, со стручна поддршка од вработените во Центарот.

Според него, доволно е граѓаните да дојдат со лична карта, а службениците ќе им помогнат да поднесат барања и да добијат електронски документи, како што се изводи од Матичната книга на родените, уверенија и други јавни исправи.

Проданоски нагласи дека отворањето на Центарот е резултат на успешната соработка меѓу локалната и централната власт.

„Пред неколку месеци го најавивме овој проект, а денес покажуваме дека кога постои вистинско партнерство, резултатите не изостануваат. Работиме по принципот ‘ветено – сторено’, создавајќи институции што се поефикасни и во служба на граѓаните“, рече тој.

Градоначалникот упати благодарност до министерот Андоновски и Министерството за дигитална трансформација за поддршката, оценувајќи дека Центарот ќе донесе конкретни придобивки за прилепчани.

Во рамки на посетата, Министерството за дигитална трансформација донираше и 20 нови компјутери за СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, со цел да се подобрат условите за настава и учениците да стекнуваат современи дигитални знаења и вештини.

Проданоски порача дека Општина Прилеп ќе продолжи, во соработка со Владата и ресорното министерство, да инвестира во дигитализација, модернизација на јавните услуги и образованието, со цел да обезбеди поквалитетни услуги и подобар живот за граѓаните.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска на Мундијалот: Европскиот првак на мегдан со силната Белгија

Следно

Божиновска на увид во изградбата: Гасоводниот интерконектор со Грција напредува со забрзано темпо

Latest from Blog

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за соработка во образованието, науката, културата, младите и спортот, како и економските консултации

Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со министерот за надворешни работи, Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи

РУСКАТА “ПОДМОРНИЦА НА СУДНИОТ ДЕН“ за прв пат за спушти во морето. Која е нејзината цел?

Најновата руска нуклеарна подморница, поради капацитетот, составот на вооружување и стартешката подвижност е наречена “подморница на судниот ден“ наменета за нуклеарна војна – за прв пат го напушти пристаништето минатата недела. Додека

Драган Даниловски: Дел од заболените и починатите од западнонилска треска се заразиле во Македонија

Разговараше: Ирена МУЛАЧКА Пет смртни случаи и вкупно 43 потврдени од западнонилска треска во Македонија. Тоа засега е црниот исход од епидемијата, која веќе одреден период тресе неколку скопски општини, Кисела Вода,
Go toTop