Николоски: Следува набавка на нови возови и најмалку пет електрични локомотиви

June 29, 2026
1 min read

Министерството за транспорт започнува нова фаза во реформите на железничкиот сектор, откако денеска беше потпишан договор за грант во вредност од еден милион евра со Светска банка. Средствата се наменети за преструктурирање на МЖ Транспорт и создавање поефикасно и функционално претпријатие, како дел од поширокиот план за модернизација на железничкиот сообраќај во земјата.

На потпишувањето на договорот, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека Владата има јасна стратегија за целосна трансформација на железницата, посочувајќи дека во изминатиот период биле преземени мерки за стабилизација на претпријатието, кое, според него, било наследено во тешка финансиска состојба.

Тој истакна дека реформите веќе даваат резултати, при што во првите четири месеци од годинава е забележан раст и на бројот на превезени патници, но и значително зголемување на карго-сообраќајот.

Николоски најави дека паралелно со реформите ќе се работи и на обновување на возниот парк преку набавка на нови возови и најмалку пет електрични локомотиви, кои ќе придонесат за понатамошен развој на товарниот железнички сообраќај.

Тој информираше дека проектот за трансформација на железничките претпријатија се реализира во соработка со Европската Унија како дел од Планот за раст, додека грантот од Светска банка претставува почеток на суштинските реформи во секторот.

Осврнувајќи се на инфраструктурните проекти, Николоски рече дека е во завршна фаза изградбата на првата линија од Градскиот воз, а годинава се очекува да бидат распишани тендерите за втората и третата линија. Според најавите, тие би требало да бидат завршени до крајот на 2027 година или во првата половина на 2028 година.

Министерот потенцираше дека продолжуваат и инвестициите во железничкото поврзување со Бугарија преку Коридорот 8, каде што првата делница веќе е пуштена во употреба, додека втората и третата фаза се во различни фази на реализација. Паралелно, се работи и на западното железничко крило на Коридорот 8, како и на подготовките за брзата пруга на Коридорот 10.

На крајот, Николоски изрази благодарност до Светска банка за финансиската поддршка и континуираната соработка, оценувајќи дека овие инвестиции ќе придонесат за модерна, ефикасна и конкурентна железница во Македонија.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Диоманде го „откачи“ Ливерпул, сака трансфер во ПСЖ

Следно

Николоски: Следува најголемата реформа во Железницата, потпишан грант со Светска банка

Latest from Blog

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот

Барселона пронајде нов десен бек во Фиорентина, но ќе има конкуренција во Јувентус и Милан

Бразилскиот дефанзивец на Фиорентина, Додо, се најде на радарот на неколку европски гиганти и наскоро би можел да ја промени средината. Иако сезоната е во полн ек, најголемите европски клубови веќе ги

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува
Go toTop