Николоски: Новата линија Виена–Охрид ќе го засили туризмот и економијата

June 21, 2026
1 min read

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид.

Линијата ќе се реализира двапати неделно, секој четврток и недела, со што Охрид и охридското крајбрежје добиваат директна поврзаност со уште една европска дестинација.

Воведувањето на оваа линија има огромно значење за развој на охридскиот аеродром, бидејќи аеродромот во Виена е еден од најголемите европски хабови и еден од најважните воздушни центри во Централна и Источна Европа, со преку 200 конектинг летови во 66 држави низ Европа, Северна Америка, Азија и Африка, што подразбира поврзување на Охрид со преку шеесетина земји низ светот.

Дополнителено значење има фактот што оваа линија ја оперира Аустријан Ерлајнс, една од топ десетте најголеми авиокомпании во Европа, што ја потврдува сериозноста на инвестицијата и квалитетот на услугите што се нудат кон патниците.

Со ова, од охридскиот аеродром се реализираат вкупно 16 авиолинии, од кои 13 се редовни и 3 чартер линии, што претставува значително проширување на мрежата на дестинации достапни за граѓаните и посетителите.

Новата линија кон Виена, како и претходно воспставените ќе придонесат за привлекување на поголем број странски туристи, нови инвестиции, како и за економски раст и развој на Охрид и охридскиот регион.

Македонија денеска е препознаена на мапата на бројни тур-оператори и авиокомпании. Со активните мерки за поддршка го развиваме авиосообраќајот, го зголемуваме туристичкиот потенцијал на државата и обезбедуваме поквалитетни и подостапни услуги за граѓаните. Како резултат на владините политики, директно се отворени 28 нови авиодестинации.

Стратешка определба на Владата е целосно да ги искористи капацитетите на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, преку проширување на мрежата на дестинации, привлекување нови авиокомпании и обезбедување поквалитетни услуги за патниците.

Паралелно, во тек е целосна реконструкција на охридскиот аеродром со цел унапредување на неговите капацитети, подобрување на инфраструктурата и создавање услови за понатамошен раст на авиосообраќајот и бројот на патници.

Целта е годинава преку двата македонски аеродроми да се опслужат повеќе од 3,5 милиони патници, а во наредните години таа бројка да надмине 4 милиони патници.

Со реализација на мерките за финансиска поддршка за привлекување на нови компании, на граѓаните им овозможуваме полесно и побрзо патување до европските метрополи, што директно придонесува за развојот на економијата, образованието, културата, здравството и туризмот.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Халанд има необичното хоби кое чини над 750 илјади евра

Следно

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ за Изборниот законик очекува Шасивари да се сретне со Филипче

Ако одлуката на Уставниот суд за платеното политичко рекламирање биде во корист на Левица, по чија иницијатива Судот веќе расправаше, тогаш Собранието ќе мора повторно да го отвори Изборниот законик, барем во

„Илинден“-Тирана со барање: Официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна на македонски јазик

Македонско друштво “Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот на Општинскиот совет и членовите на Советот, со кое бара официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна

Берзанскиот индекс ослабе, над 22 милиони денари промет на домашниот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 05.08.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.211,87 поени. Во

Министерство за енергетика: Македонија внимателно ја следи состојбата во Европа, домашниот систем останува стабилен

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов

ФИФА е во целосен хаос: Потегот на Инфантино го шокираше целиот фудбалски свет

Според информациите што ги даде францускиот весник „Л’Екип“, Инфантино во среда организирал кризен состанок со челниците на ФИФА во Мароко. Се вели дека првиот човек на светскиот фудбал е сериозно загрижен за
Go toTop